Задолжителни лектири - Три тажни книги кои ќе ви го расплачат срцето
Одвреме-навреме е добро човек да се исплаче. Тој вид на емоционална медитација и емотивно празнење е одличен лек за умот и душата.
За некои книги се вели дека предизвикуваат баричка од солзи, па доколку сте подготвени за предизвик, задолжително ви ги препорачуваме следните 3 книги кои ќе ви го напукнат срцето од емоции:
Предностите на еден молец - Стивен Чбоски
Чарли е мирен, повлечен средношколец кој се бори со депресија и се обидува да се вклопи во калапот наречен живот, а истовремено сака и да избега од него. Работите ќе тргнат на подобро откако ќе ги запознае прекрасната Саманта (Сем) и нејзиниот ексцентричен полубрат Патрик.
Сепак, некои рани како смртта на неговиот најдобар другар и загубата на омилената тетка се враќаат да го прогонуваат.
Интровертниот Чарли се вози на емоционален рингишпил од почетокот до самиот крај. Како ќе заврши возењето?
Доколку ви се допадне книгата, што речиси е невозможно да се случи спротивното, можете да го погледнете и истоимениот филм (The Perks of Being a Wallflower) со Ема Вотсон и Логан Лерман во главните улоги.
Кога мене ќе ме нема – Колин Оукли
Дејзи има само 27 години и веќе еднаш го има победено ракот на дојка. 4 години по првата изгубена битка тој се враќа насекаде низ нејзиното тело да ја добие војната.
Таа е очајна, скршена и емотивно и физички исцпрена. Сепак, во темниот тунел ѝ светнува идеја за спас – како да пронајде идеална жена која после нејзината смрт ќе се грижи за сопругот на Дејзи, Џек, кој е несмасен, хаотичен и заборавен.
Дали навистина може да пронајдете идеален партнер за љубовта на вашиот живот?
Добра земја – Перл Бак
Бак ја има добиено Пулицеровата награда во 1932 година токму за оваа неверојатна книга.
Во неа авторката во портретира животот на еден сиромашен земјоделец кому најдрага му е земјата која ја обработува. Тој за неа смета дека е извор на благодет и среќа.
Се чини дека односите се замрсено сложени скоро со сите луѓе од неговото блиско опкружување – децата, сопругата и неговиот роден татко, но не и со почвата.
Ова е несомнено една тажна приказна за нашата лакомост, желбата да се има повеќе и повеќе и никогаш да не се задоволиме со ништо.
(О)Милена | Црнобело