Приказната за Ема, хероината на Џејн Остин: „Можеби го загубив своето срце, но не и мојата самоконтрола“

„Ема Вудхаус беше убава, паметна и богата, со удобен дом и ведар карактер, сè изгледаше дека располага со оние неколку најголеми благодети кои животот може да ги пружи, и за нешто помалку од дваесет и една година откако дојде на светот, не се случило речиси ништо што би ја растажило или вознемирило.“

prikaznata-za-ema-heroinata-na-jane-austen-mozebi-go-zagubiv-svoeto-srce-no-ne-i-mojata-samokontrola-03.jpg

Хероината е родена!

„Ема“ е кулминација на мајсторството на Џејн Остин, една блескава комедија за љубовта и бракот.

Ема Вудхаус ни е претставена како „згодна, паметна и богата“ и, според Џејн Остин, таа е хероина „која не би му се допаднала на никого освен на мене“. А сепак, Ема поседува таков дух што и покрај „кренатиот нос“ и егоизмот, речиси нема читател кој не подлегнал на нејзиниот шарм.

Ема е сосема задоволна од својот живот и не гледа потреба од љубов или брак. Најголемо задоволство и причинува да се меша бо љубовниот живот на другите. Си ја доделува улогата на стројник на нејзината мила будалеста пријателка Хариет, а и нејзиниот внимателно смислен план доведува до последици кои ниту таа самата воопшо не би ги претпоставила. Самата Ема, пак, со сигурност останува имуна на шармот на посилниот пол. Од нејзиното емоционално созревање е исплетена една од најсреќните љубовни приказни преполна со сплетки, досетки и остроумно и суптилно истражување на врските меѓу мажите и жените.

prikaznata-za-ema-heroinata-na-jane-austen-mozebi-go-zagubiv-svoeto-srce-no-ne-i-mojata-samokontrola-02.jpg

„Има и такви луѓе – што повеќе правиш за нив – толку помалку тие прават за себе.“

„Едната половина на светот не може да ги разбере задоволствата на другата половина“

Остин напросто фасцинира со начинот на кој ја создава приказната на Ема, во исто време играјќи си со неверојатните ликови и нивните уште поневеројатни карактери, држејќи ги постојано заедно во толку голем број. За нејзините фанови, но и за оние кои допрва почнуваат да ја откриваат, „Ема“, ќе биде вистинско задоволство кое еден љубовен роман, а притоа и во голема мера забавен и по малку хумористичен, може да го донесе.

Книгата може да ја најдете во издавачката куќа Магор.

Би можело да ве интересира:

3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg