-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зен приказни - корисни за современиот човек изгубен во хаосот на секојдневниот метеж

Еден од најзначајните современи проучувачи на зенот Д.Т. Сузуки вели: „Вистината за зенот, или барем една трошка од вистината, е во тоа што здодевниот живот,животот на едноличното секојдневие што не вдахновува, го претвора во живот – уметност, исполнет со вистинска внатрешна креативност.”

zen-prikazni-korisni-za-sovremeniot-covek-izguben-vo-haosot-na-sekojdnevniot-metez-001.jpg

Овие клучни елементи се длабоко вгнездени во зен приказните. Преку мошне луцидните, необични, продлабочени, навидум едноставни приказни, елегантно се посочува на клучните доблести што практикуваат и треба да се стекнат: бескомпромисна решителност, истрајност, скромност, едноставност, милосрдие, сосредоточеност и посветеност, самодоверба, храброст, остроумност самоконтрола....

Сложените корени на зент досегаат до индискиот будизам, но во него се чувствуваат влијанијата на таоизмот и конфучијанството, како и на јапонскиот сензибилитет, кој го има вткаено зенот во огромен број уметности, вештини и сегменти на живеењето – чајната церемонија, хаику поезијата, но- театарот, боречките вештини, икебаната, пејзажната архитектура.

Зен приказните истовремено може да се читаат и како “екстракти на мудроста на зенот” и како одлична литература. Во овие префинети стилски избрусени текстови нема ниеден непотребен збор: читателот се воведува во заплтетот на приказната со една реченица, понекогаш и еден збор.

Сепак, тоа е доволно на кристално јасен начин да се опфати смислата што на современиот човек изгубен во хаосот на секојдневниот метеж може да му биде исклучително корисна.

Книгата може да ја најдете во издавачката куќа Магор.

Би можело да ве интересира:

3 предлог книги од нашата букстаграмџика Симона Мано „'Полноќната библиотека' од Мет Хејг ми е една од омилените книги. Немам доволно...
3 мистериозни романи за велигденскиот викенд Необични и испреплетени судбини, тајни кои се кријат со години, вел на мистерија...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 романи што (целосно) ќе ви го сменат погледот кон светот Работите не се такви како што изгледаат на интернет. Навидум невидливиот живот н...
Три книги за сечиј вкус, одлични за празничните денови Книга за необично пријателство, морничав трилер и силен роман за љубовта и прежи...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg