Три книги за сечиј вкус, одлични за празничните денови

Книга за необично пријателство, морничав трилер и силен роман за љубовта и преживувањето... овие книги, иако тематски различни, сепак ќе ве привлечат со својата приказна.

tri-knigi-za-sechij-vkus-odlichni-za-praznichnite-denovi-01.jpg

Пред крајот на годината, ви предлагаме три различни романи, кои не се жанровски поврзани, но ако почнете да ги читате, нема да сакате да ги оставите додека не ја завршите и последната страница.

Овие три дела ќе го привлечат вашето внимание уште со првите прочитани страници.. Затоа, ако барате празнично четиво, без двоумење изберете една од овие книги.

Желбата на ежот - Тон Телеген

Колебливо еже живее осамено во својата куќа во шумата. Никој не му доаѓа на гости, а ни тоа никако да собере храброст да ги покани животните на гости.

Иако долго ја смислува поканата, во дилема е дали воопшто треба да ја прати?

Што ако дојдат сите заедно, ќе има ли чај и торта за сите? И дали сите јадат иста торта? А што ако се исплашат од неговите боцки?

Ежето со денови замислува како ќе изгледаат сите посети на животните од шумата, од морето и од пустината. Што ако немаат теми за кои ќе разговараат?

А што ако дабарот, носорогот или мечката му ја растурат куќата? Или ако јастогот реши да му ги извади боцките со своите клешти, или ако осата го боцне?

За тоа време, желката и полжавот бавно патуваат кон неговата куќичка и си замислуваат како ќе се забавуваат кога ќе стигнат таму. И дали ќе успеат да стигнат кај ежето пред да заврне првиот снег?

Ова е чудесна приказна за пријателството, за прифаќањето на разликите и потребата да живееме заедно, во љубов и разбирање.

tri-knigi-za-sechij-vkus-odlichni-za-praznichnite-denovi-04.jpg

Пчеларот од Алепо - Кристи Лефтери

Неверојатно длабока животна приказна за една мајка ослепена од трагедиите што ќе ги види, и татко кој се бори да преживее со семејството среде сириската патека за бегалци во Европа.

Нури е пчелар, а неговата сопруга Афра е уметник. Тие живеат мирен живот во сирискиот град Алепо, живот исполнет со љубов.

Но, започнува војна, а тие се принудени да го напуштат животот кој го познаваат и тргнуваат на неизвесно, опасно патување кон Велика Британија.

На своето патување, тие не се соочуваат само со болката од огромната загуба, туку и со големи опасности.

Избегнувајќи ги замките и заканите на бегалските патишта, тие истовремено патуваат и еден кон друг, тешејќи се и наоѓајќи сили да ги прифатат новите делови од себе.

tri-knigi-za-sechij-vkus-odlichni-za-praznichnite-denovi-02_copy.jpg

Само таа остана - Рајли Сејгер

Сите мислат дека Ленора Хоуп е убиец.

Кога нејзиното семејство било масакрирано, таа била единствената што останала жива.

Повеќе од пет децении подоцна, нема и парализирана, Ленора седи врзана за инвалидска количка.

Таа никогаш немала можност да ја раскаже својата страна на приказната, сè додека нејзината нова негувателка, Кит, не ѝ донесе дактилографска машина.

Со еден функционален прст, Ленора почнува да пишува: „Сакам да ти кажам сè“.

И додека Кит ѝ помага со пишувањето, сфаќа дека приказната на Ленора крие повеќе од тоа што сите мислат.

На виделина излегуваат нови детали и тогаш Кит почнува да се сомнева дали Ленора ја кажува целата вистина и дали жената за која се грижи е многу поопасна отколку што си мисли?

tri-knigi-za-sechij-vkus-odlichni-za-praznichnite-denovi-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Три книги за романтични души Постојат ликови во кои ќе се заљубите на прво читање и ќе ви бидат омилени уште ...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 романи за роматични души што ќе ве разнежнат пред Валентајн Во пресрет на Денот на вљубените, зошто да не прочитате еден, или можеби сите тр...
Три кралски приказни: Книги кои ќе ги прочитате за еден викенд Од робинка до кралица, тајна руска агентка во времето на Распутин, жена што се п...
3 романтични книги за деновите кога сакате да се опуштите Што сакаме да читаме кога се опуштаме? Сигурно нема да се зафатиме со некои тешк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg