Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 книги за опуштање кои ќе ви донесат насмевка на лицето

Заокружете го летото со три релаксирачки книги кои ќе ви донесат насмевка на лицето и ќе ве натераат да верувате во подобро утре.

3-knigi-za-opustanje-koi-ke-vi-donesat-nasmevka-na-liceto-01.jpg

Ви предлагаме две одлични книги од млади македонски авторки и хит книгата на Никола Јун - „Сè, баш сè“, кој веќе ја доживеа својата филмска премиера на 19 мај оваа година со истоимениот наслов – „Everything, Everything“.

Одвојте време за некој од следните 3 наслови и со сигурност нема да се покаете:

Скоро парижанка или (како да ги преживее своите доцни дваесетти... во Париз) - Јана Мишо  

Јана Мишо е млада македонска авторка, а нејзиното првенче „Скоро парижанка...“ прво излезе на англиски јазик, за да ја доживее и печатената македонска верзија.

Главната хероина е во криза некаде во средината на своите ’20-ти години. Таа ја губи својата работа, има длабоки чувства за тотално погрешна личност и нема поим во кој правец оди нејзиниот живот.

Сé чини дека сите работи во нејзиниот живот се движат наопаку, а Градот на светлината не е од никаква помош и е просто лош сојузник.

Ова е една симпатична, смешна и топла приказна за растењето и созревањето.

3-knigi-za-opustanje-koi-ke-vi-donesat-nasmevka-na-liceto-03.jpg

Сè, баш сè - Никола Јун  

Меди никогаш не излегла од својот дом. Единствените луѓе со кои има контакт се нејзината мајка и болничарката Карла.

Таа е алергична на светот и сé што е таму надвор. Живее со убедување дека контактот со надворешниот свет ќе ја убие.

Работите се менуваат кога во соседството доаѓа згодниот Оли. Меди ќе се вљуби и конечно ќе се охрабри и ќе ризикува да види сé што не видела никогаш.

3-knigi-za-opustanje-koi-ke-vi-donesat-nasmevka-na-liceto-04.jpg

Љубов на два континента - Марија Бабамова  

Уште еден пријатен лесен роман за читање од македонска авторка. Марија Бабамова со богат јазик исполнет со чувства, симболики и метафори детално опишува познати македонски локации, како Охрид, Маврово, Водно.

Љубовта помеѓу двајцата млади е главниот мотив, нивните доживувања и искрените исповеди.

Раскошна, богата приказна која се чита во еден здив и која ќе ви предизвика силни и носталгични чувства за родната земја.

3-knigi-za-opustanje-koi-ke-vi-donesat-nasmevka-na-liceto-02.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 романи со божиќна тематика, за непоправливите романтичари Историски роман за еден вообразен маж кој сака да ја освои својата идна сопруга,...
3 трилери што нема да ви дадат мир додека не ги завршите Љубителите на крими романи и трилери може да прочитаат неколку нови книги кои се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg