Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


3 нови наслови кои ќе ве освојат од првата страница

Летото е сé уште во полн ек, а тоа значи дека денот за читање е подолг, а свежите ноќи уште попријатни за уживање во нови книги.

3-novi-naslovi-koi-ke-ve-osvojatod-prvata-stranica-01.jpg

Три нови наслови кои ќе ве освојат „од прва“; српската писателка Јелена Бачиќ Алимпиќ повторно на книжевната сцена, мајсторот на магијата Зафон и нежното раскажување на Емили Гифинг.

На плажа, во автобус, додека одмарате дома или пред спиење, задолжително одвојте време за:

Те нема никаде - Јелена Бачиќ Алимпиќ  

Изабела се пријавува како волонтер-болничар во Црвениот крст за време на Првата Светска Војна, со цел да избега подалеку од мајка си. Во импровизираната полска болница ќе го донесат ранетиот Марко, воен известувач од Србија.

Двајцата ќе се вљубат без многу зборови, но откако војната ќе го дочека својот крај, минатото на Изабела се враќа да ја прогонува.

3-novi-naslovi-koi-ke-ve-osvojatod-prvata-stranica-02.jpg

Лавиринт на духовитe - Карлос Руиз Зафон 

Книгата „Лавиринт на духовите“ одлично го заокружува величествениот циклус романи поврзани со Гробиштата на заборавените книги (Сенка на ветрот, Играта на Ангелот и Заточеник на небото).

Сите тајни кои се испреплетуваат во претходните 3 мајсторски романи, Зафон ги отплеткува во Лавиринтот.

Локацијата – нормално, прекрасната Барселона. Ќе уживате во првиот дел, а за сé она што ќе остане недокажано, без грижа, ќе има и втор дел.

3-novi-naslovi-koi-ke-ve-osvojatod-prvata-stranica-03.jpg

Таму каде што припаѓаме - Емили Гифин 

Незаборавна приказна за две жени, семејствата поради кои се онакви какви што се и лојалноста и љубовта кои ги поврзуваат.

Мериен е 36-годишен тв продуцент која го живее животот од своите соништа во Њујорк. Навидум има совршен живот, сé додека една вечер не се појави 18-годишната Кирби Роуз на нејзиниот праг.

Која е Кирби и како е поврзана со Мериен? Клопчето полека почнува да се отплеткува додека двете жени тргнуваат во заедничка мисија откривајќи ги работите кои им недостасуваат во животот, кој ќе им се смени засекогаш.

3-novi-naslovi-koi-ke-ve-osvojatod-prvata-stranica-04.jpg

(О)Милена | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

Три книги од Зоран Спасов Ѕоф со кои ќе се смеете до солзи (а и ќе заплачете) Авторот Зоран Спасов Ѕоф пишува на скопски „јазик“, онака како што и самиот збор...
Книги со кои треба да ја отворите 2025-та - новата читачка сезона Две сестри се грижат за себе бидејќи живеат со татко алкохоличар; две жени чиј ж...
3 книги од Сара Џио поради кои ќе посакате (повторно) да се вљубите Љубовна приказна од минатото која се преплетува со сегашноста, тајни писма, дамн...
3 книги што не би ѝ дозволила на ќерка ми да ги чита (додека е тинејџерка) Кои 3 книги воопшто немаат наивна содржина и не би сакал да ги видам во мојот до...
3 интригантни романи од Ксенија Николова во кои ќе уживаат и жените и мажите Нашата писателка Ксенија Николова неодамна го промовираше своето седмо дело, ром...
3 љубовни приказни од Линдзи Келк за љубителите на „лесни“ книги Трите книги се дел од серијалот „Го сакам...“, во кој Анџела Кларк патува низ св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg