„Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви непланирани работи – плускавци на нозе, изгореници од сонце, промена на рута заради непредвидлив терен, реки, шуми, надојдена вода, но важна е психата“ - раскажува за CRNOBELO.com Бојан од Скопје, кој 5 години живее во Нов Зеланд, а сега со македонско знаме пешачи патека долга 3.000 километри.