Тамара со Лука, Билјана Дебарлиева со сопругот - Кои познати Македонци ја почнаа годината на снежна планина?
- Детали
- петок, 03 јануари 2025
Едни на скијање, други на сонце и топол напиток - многу Македонци ги искористија првите денови од 2025 да уживаат во снежната идила.
Почетокот на 2025-та година за многумина беше можност да заминат од местото на живеење и да поминат малку време на снег, на планина и чист воздух.
Па, така, едни уживаа во скијањето, други во планинското сонце, а трети, пак, му се радуваа на снегот, кој последниве години го има сè помалку во градовите.
На снежната идила не одолеаја ни многу познати Македонци, кои го искористија почетокот на годината да уживаат на планина, a фотките ги споделија на Инстаграм.
„Одмор, конечно“ - напиша Андријана Јаневска на фотографијата што ја објави на Инстаграм.
Погледнете како се забавуваа на снег познатите Македонци:
Билјана Дебарлиева со сопругот во Маврово
Андријана Јаневска на скијање
Кристина Арнаудова
Перо Антиќ со синот Петар
Тамара Тодевска со својот партнер Лука Радовиќ
Кики Муакаетова
А. Ј. | Црнобело