Тамара Тодевска, Сара Мејс – Познати Македонци чии деца се првачиња овој септември ‘24
- Детали
- понеделник, 02 септември 2024
„Среќно деца мои“ – напиша Тамара, која заедно со Лука и нејзините родители, ги испрати на првиот школски ден Дарен, кој е прваче и Хана, која почнува 3-то одделение. Кои познати Македонци денес имаат првачиња?
Оваа школска година започнува на 2 септември, а познатите Македонци кои имаат првачиња, се можеби и повозбудени како родители отколку децата.
Неколку од нив споделија фотки од своите деца кои денес ја почнуваат својата училишна приказна и им посакаа среќа.
Погледнете кои од нив објавија фотки од своите првачиња (и поголеми ученици):
Тамара Тодевска
„Среќно деца мои“ – напиша пејачката на Инстаграм до фотките од првиот школски ден на Дарен, кој е прваче и Хана, која започнува трето одделение.
Сара Мејс и Димитар Атанасовски
„Среќен почеток љубовке моја“ – ѝ посака Сара Мејс на ќеркичката Илина, која е прваче и позира во бело фустанче со ранче и балон, пред табла.
Борко и Нина Ристовски
„Душан е ПРВАЧЕ. Гордост моја најмила. Да си среќен, да си ми жив, здрав и умен, сега заедно ќе растеме низ твоите училишни денови. Лавче мое мало!“ – стои во описот на објавата на сопругата на Борко, која го испраќа синот во училиште, а тој дома позира со торта и со сестричката.
Анастазија Бранчела
„Со среќа бебушка“ – напиша таа до фотките со сопругот и двете деца пред училиште и сподели дека ќеркичката е прваче.
Доктор Александар Митов
„Нашата убавица е прваче! Радости!“ - напиша д-р Митов на семејната фотка со неговата ќеркичка.
M. M. | Црнобело