Тијана Дапчевиќ го сподели најголемиот гаф на внукот Дарен, чија сестра Хана денес полни 9 години
- Детали
- вторник, 29 април 2025
„Седиме, фамилијарен ручек и Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби, и на Дарен му викам: ‘Другарка ми Маја сака да те праша нешто... Сака да те праша кај работи мајка ти?’..“, ја започнува Тијана приказната за внукот Дарен.
Во подкастот „Равенка за успех“ на Маја Поцевска гостуваше Тијана Дапчевиќ која сподели низа детали како за професионалниот, така и за приватниот живот.
Таа проговори и за сестра ѝ Тамара и нејзините деца Хана и Дарен, односно го сподели најголемиот гаф на малиот Дарен на тема што работи неговата мајка Тамара.
Инаку, Дарен има 6 години, а неговата сестра Хана денес (29.04) полни 9 години.
По тој повод Тамара ѝ честиташе на Инстаграм стори, со фотографија на која Хана дува свеќичка.
Потсетете се и Ќерката на Тамара Тодевска прослави 8-ми роденден – со плетенки, менѓуши и балон, позира со најблиските
Тијана вели:
„Седиме, фамилијарен ручек и не знам Тамара отиде со Хана до надвор да го прошетаат Тоби, и на Дарен му викам: ‘Другарка ми Маја сака да те праша нешто... Сака да те праша кај работи мајка ти?’
А тој вели: ‘Мама? Мама работи во теретана’.
Мртов озбилен.
Се чудам што рече детево и го прашувам дали е озбилен.
Ми вика: ‘Да бе, секој ден оди во теретана’.
Се враќа Тамара и ѝ викам прашај го син ти кај работиш...“
Кликнете на видеото за гафот, кој слатко ќе ве насмее:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





