Ќерката на Тамара Тодевска прослави 8-ми роденден – со плетенки, менѓуши и балон, позира со најблиските
- Детали
- вторник, 30 април 2024
„Среќен роденден љубов. Хана, нашата принцеза“, стои на една од фотографиите, на кои Тамара е со своите две деца и дечкото, Лука Радовиќ.
Хана, ќерката на Тамара Тодевска, наполни 8 години. Пејачката ѝ го честиташе роденденот со неколку нови и постари фотки, кои ги сподели на Инстаграм Стори.
„Среќен роденден мамина убавице“, напиша таа.
Роденденот Хана го прослави во скопски ресторан со неколку дечиња, но и семејството.
Ги дувна свеќичките на роденденската торта со ликот на Стич од цртаниот Lilo & Stitch, се фотографираше со гостите и се забавуваше.
Меѓу гостите беше нејзината тетка Тијана Дапчевиќ, а и Лука, дечкото на Тамара, кој објави неколку фотографии на својот Инстаграм.
„Среќен роденден љубов. Хана, нашата принцеза“, напиша тој на една од фотографиите, каде што е со Тамара, Хана и Дарен.
Ниту Тамара не ја симнуваше насмевката од лицето и уживаше во секој момент поминат со гостите и саканите.
Погледнете повеќе фотографии од роденденската честитка и од роденденот на Хана:
А. Ј. | Црнобело