Тамара Тодевска и Лука објавија фотки со Дарен за 6-иот роденден: „Секогаш да сме вака насмеани“
- Детали
- четврток, 12 декември 2024
„Не можеш да замислиш колку те сакам, љубовче мамино“ – напиша Тамара во роденденската честитка за синот, а нејзиниот партнер Лука објави фотка со Дарен и му посака: „Секогаш да сме вака насмеани и да пораснат мускулите конечно“.
Синчето на Тамара Тодевска, Дарен, наполни 6 години и порасна во слатка мини копија на неговата мајка.
Пејачката на Инстаграм Стори објави неколку фотки од него, на кои тој освојува со својата слаткост и детски шарм.
На плажа, на лизгалиште, во ресторан, во друштво на семејството, па дури и во училиште - малиот Дарен секогаш изгледа среќно, насмеано и ужива во секој момент.
„Среќен роденден љубовче мамино, не можеш ни да замислиш колку те сакам. Остани така сладок и шеќерен засекогаш“ - напиша таа.
На една од фотографиите, тој е во раце и прегратка на неговата поголема сестра Хана, а гордата мајка напиша: „Хана е среќна што те има баш тебе за нејзин брат“.
Партнерот на Тамара, Лука Радовиќ, кој има близок однос со нејзините деца, исто така објави роденденски честитки за Дарен.
На едната фотка тие позираат насмеано и прегрнато, а Лука му упати порака: „Среќен роденден голем мал човеку. Секогаш да сме вака насмеани!“.
На другата фотка тие се во теретана, а Лука му посака да му пораснат мускулите.
Инаку, Дарен од овој септември е прваче, а на првиот школски ден, Тамара се пошегува дека тој седнал во клупа како да веќе завршил училиште.
М. М. | Црнобело