„Среќен роденден женче“ – Таско ѝ честиташе на сопругата со емотивни семејни фотки
- Детали
- вторник, 11 јуни 2024
Заеднички фотки од трудничката фотосесија, моментот по породувањето со синчето во раце – Таско ѝ честиташе роденден на сопругата со видео направено од емотивни семејни фотки, додека го очекуваат и второто дете.
Раперот Христијан Тасковски – Таско на Инстаграм Стори објави видео направено од емотивни семејни моменти со сопругата и синот, по повод нејзиниот роденден.
Во позадина на видеото одат стихови од песната See You Again, кои гласат: „Како може да не зборуваме за семејство, кога семејството е се што имаме. Низ се што поминав, ти беше покрај мене“.
Како опис на видеото пак, тој напиша:
„Среќен роденден женчееее. Да си ми жива, здрава и годинава уште еден поклон имаш околу септември“.
Инаку, во јуни минатата година, раперот Христијан Тасковски - Таско и неговата сопруга Наташа станаа родители на син, кој го крстија Лукијан.
Тој е посветен татко и неодамна во разговор за CRNOBELO.com откри каков родител е тој и колку е инволвиран во секојдневните обврски со синот.
Прочитајте повеќе: Таско за татковството: „Најстресно ми беше кога Лукијан првпат се разболе“
Пред синот Лукијан да наполни 1 година, среќниот пар во април годинава соопшти дека очекуваат уште едно дете со видео во кое го открија полот на бебето.
„Те чекаме наше девојче“ напиша Таско на Инстаграм и објави дека ќе добие ќерка.
М. М. | Црнобело