Катарина, сопругата на фудбалерот Давид Бабунски, емотивна за 1-иот роденден на ќерката: „Знаев дека си лавица“
- Детали
- четврток, 04 април 2024
„Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те спуштија на градиве моја мала Палешке. Знаев уште тогаш дека во душата си една лавица. Продолжи да цветаш“, напиша на Инстаграм сопругата на нашиот фудбалер и објави роденденски фотографии, но и неколку постари.
Алина, ќерката на фудбалерот Давид Бабунски, наполни 1 година, а неговата сопруга Катарина, сподели неколку фотографии од роденденската забава на својот Инстаграм.
На фотките таа позира со сопругот и постарите братчиња на Алина.
За првиот роденден на ќерката, фудбалерот и неговата сопруга имаа две торти, едната розова со бели светови, другата во беж боја, исто така со цветови, на која беше испишано името на девојчето.
Алина, пак, беше дотерана во бледо розово фустанче со тул и панделка на главата.
„Среќен прв роденден животу мајкин. Се сеќавам, како да беше вчера кога ми те спуштија на градиве моја мала Палешке. Знаев уште тогаш дека во душата си една лавица.
Ти си сè што можевме да посакаме. Само продолжи да цветаш, да бидеш здрава и среќна. Те сакаме бескрајно“, напиша Катарина во емотивната честитка.
Алина е трето дете на парот. Тие имаат и два сина, Елисеј и Лијам.
Инаку, Давид е син на легендарниот фудбалер Бобан Бабунски. Тој во моментов игра во Унгарија, во клубот Mezőkövesd Zsóry.
А. Ј. | Црнобело