Стефани Христов за саканиот: „Ме запроси по месец и половина, а наредниот ден почнавме да живееме заедно“
- Детали
- среда, 01 јануари 2025
„Се знаевме месец и половина пред да се свршиме. Започнавме да живееме заедно наредниот ден. Јас сум 5 години постара од него. Сега, го очекуваме нашето прво дете“, вели Стефани Христов.
Стефани Христов има повеќе од 10.000 следбеници на Инстаграм со кои постојано споделува модни комбинации, но и детали од секојдневието.
Таа сега го очекува своето прво дете со сопругот Горазд, со кого е 6 години во брак.
Стефани во последните месеци од бременоста направи „нетипична трудничка фотосесија“, како што вели самата.
Стефани позираше во црно боди со впечатлив шешир со реси до земјата.
Неодамна Стефани сподели детали за својата љубовна врска на Инстаграм.
Таа откри дека на 1-ви септември со сопругот Горазд ја прославиле 6-тата годишнина од брак.
Стефани вели:
„Се знаевме месец и половина пред да се свршиме. Започнавме да живееме заедно наредниот ден.
Јас сум 5 години постара од него. Сега, го очекуваме нашето прво дете.
Не дозволувајте никому да ви каже кога или што е вистинското за вас“.
Кликнете на видеото:
С. С. | Црнобело