Македонската инфлуенсерка го прослави 30-тиот роденден во Сингапур - со впечатлив аутфит и 1-годишното синче
- Детали
- среда, 22 јануари 2025
„Покрај моиве двајца, на другата страна на светот… Што повеќе можам да посакам? Благословена!“, напиша Даниела од Сингапур, која со синот ја посети и Куба, кога Давуд имаше 7 месеци.
Модната инфлуенсерка Даниела Ѓуровска го прослави својот 30-ти роденден со партнерот Денис и со нивниот син Давуд во Сингапур.
Во впечатлив светкав аутфит во ресторан (Cè La Vi) во висококатница во оваа азиска држава, Даниела ги дувна свеќичките во присуство на саканите.
На Инстаграм сподели фотографии од роденденот на напиша:
„Покрај моиве двајца, на другата страна на светот… Што повеќе можам да посакам? Благословена!“
Таа објави и фотки направени на аеродром.
Ова не е првпат Даниела да патува на далечна дестинација со синот.
Таа кога Давуд имаше само 7 месеци беше на патување во Куба, но покрај сопругот тогаш ги придружуваа уште неколку членови од семејството - мајката на Денис, неговите брат, сестра и внук, па тоа им го олеснило патувањето со бебе.
Прочитајте и Дани Ѓуровска за патувањето во Куба со бебе: „Лекови тешко се наоѓаат, пелени продаваат на тезга, а во Хавана е безбедно“
Даниела роденденски во Сингапур:
С. С. | Црнобело