Славчо Попоски, метеоролог: „Пеколните температури продолжуваат во август, ќе биде и спарно поради прашина од Сахара“

„Годинава, месец август ќе бидете потопол за 1 до 2 степени Целзиусови, а врнежите ќе бидат потпросечни“, вели Славчо Попоски за претстојниот месец.

slavcho-poposki-meteorolog-pekolnite-temperaturi-prodolzhuvaat-i-vo-avgust-kje-bide-sparno-poradi-prashinata-od-sahara-01.jpg

Освен натпросечно високите температури, во август веројатно нема да видиме врнежи од дожд, освен можеби краткотрајно невреме овој викенд.

Покрај тоа, ќе има присуство и на прашина од Сахара, што ќе го направи времето спарно.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за месец август:

„Во претстојниот месец август, повторно очекуваме многу топло време и натпросечно високи температури на воздухот.

Тоа значи дека оваа година месец август ќе биде потопол за 1 до 2 степени Целзиусови, а врнежите ќе бидат потпросечни, односно претстојниот месец ќе биде посув од вообичаеното.

slavcho-poposki-meteorolog-pekolnite-temperaturi-prodolzhuvaat-i-vo-avgust-kje-bide-sparno-poradi-prashinata-od-sahara-03.jpg

Овој топол бран кој ја зафати нашата територија, во следните денови ќе зема замав и температурите на воздухот насекаде во Македонија ќе надминуваат 30 степени Целзиусови, додека во најтоплите централни и југоисточни предели, како и во Скопската Котлина, температурата ќе се искачи до околу 40 степени Целзиусови.

Во следниот период, во атмосферата ќе ни биде присутна и сахарската прашина и песок, па времето ќе биде мачно и спарно, а температурите ќе ги чувствуваме како да се повисоки од реално измерените.

slavcho-poposki-meteorolog-pekolnite-temperaturi-prodolzhuvaat-i-vo-avgust-kje-bide-sparno-poradi-prashinata-od-sahara-02.jpg

Само за време на овој викенд ќе имаме краткотрајна дестабилизација на времето, кога ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локално невреме.

УВ индексот и во следните денови ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент некаде помеѓу 8 и 9“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „Очекуваме натпросечно топло време до крајот на оваа зима“ „Овој викенд температурите ќе бидат натпросечно високи, но ќе дува и силен ветер...
Славчо Попоски, метеоролог: „Неделава натпросечно топло време, со мала можност за краткотраен дожд“ „Во скопскиот регион оваа недела ќе биде натпросечно топло, но повремено можна е...
Славчо Попоски, метеоролог: „Можно е невреме во текот на неделата, температурите значително ќе опадн... „Во делови од Скопската Котлина во попладневните часови ќе биде нестабилно со по...
Викендов почнува летното сметање на времето + како влијае промената на луѓето? Овој викенд, помеѓу 30 и 31 март започнува летното сметање на времето, што значи...
Матеја ја запроси саканата Драгана во Виетнам: Романтика на зајдисонце во ресторан на плажа „Мислев дека ќе ме запроси во Тајван, бидејќи пред да отидеме во Виетнам, таму ж...
Сара Мејс горда на сопругот: „Среде невреме помогна на непознат човек – на него имаше 20l вода и го ... Колкумина од вас во најголемото невреме би застанале да му помогнат на непознат ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg