Славчо Попоски, метеоролог: „Поројни дождови и можна појава на првиот мраз за оваа сезона“

„Наутро, на многу места температурите ќе се спуштат под 10 степени Целзиусови, а некаде и под 5 степени Целзиусови“, вели Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-porojni-dozhdovi-i-mozhna-pojava-na-prviot-mraz-za-ovaa-sezona-01.jpg

Слично како минатата недела, и оваа ќе биде проследена со врнежи од дожд, силен ветар, како и услови за појава на грмежи.

Температурите, пак, ќе бидат под просекот за овој период.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за претстојната недела:

„Циклонската активност која нè зафати уште од изминатата седмица, продолжува и во текот на оваа, и истата ќе условува да имаме чести повремени локални врнежи од дожд и тие локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи, како и со засилување на ветерот.

И во скопскиот регион, во текот на оваа седмица продолжува променливото време со повремени врнежи од дожд.

Во делови од котлината тие повремено ќе бидат поројни и со услови за појава на грмежи, како и со засилување на ветерот.

slavcho-poposki-meteorolog-porojni-dozhdovi-i-mozhna-pojava-na-prviot-mraz-za-ovaa-sezona-02.JPG

Што се однесува до температурите, тие остануваат невообичаено ниски за месец септември.

Па така, наутро на многу места ќе се спуштаат и под 10 степени Целзиусови, понекаде и под 5 степени Целзиусови, а особено на високите планински места, температурата очекуваме да се спушти и околу нулата, со што е можна и појава на првиот мраз за оваа сезона.

Преку ден, исто така, останува свежо со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 16 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје наутро температурата ќе се спушта во интервалот помеѓу 9 и 14 степени Целзиусови, додека максималната дневна температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 21 и 24 степени Целзиусови“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „Снежен бран во Македонија – врнежи од снег и на пониските места“ „Од сабота, а особено во почетокот на следната седмица, врнежи од снег ќе има во...
Славчо Попоски, метеоролог: „Во среда силно невреме, а од четврток заладување со снег на планините“ „Од четврток следува период на значително пониски температури (за повеќе од 10-1...
Јелена и Филип се венчаа на ски стаза во Маврово – под олтар направен од скии, невестата скијаше во ... „Стапивме во брак кај Трифкова колиба, а до олтарот кој беше направен од стари с...
Славчо Попоски, метеоролог: „Температурите ќе паѓаат, од утре пороен дожд, грмежи и силен ветер“ „Во скопскиот регион утре (петок) се очекуваат нови врнежи од дожд, а ќе дува и ...
Водителот Роберт Јанков: „Преку глава од црно-бели екрани, од погреби во живо, од денови на жалост, ... „Преку глава од музика што молчи, од болест што нѐ толчи. Преку глава од не...
Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“ „Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg