Панчо ДНК: „Тажни сте зашто очекувате гратис кај пријателите, а плаќате кај луѓе што не ги знаете“
- Детали
- вторник, 27 август 2024
„Знаете зошто сте тажни? Зашто менталитетот ви е таков да не го поддржите својот ближен. Не давајте поддршка колку да ви пишат цртка, давајте ја со отворено и искрено срце“, вели Панчо во својата порака.
Владимир Блажев или Панчо од ДНК често преку социјалните мрежи го споделува своето мислење за луѓето и животот.
И иако наидува на поддршка, многупати е и критикуван за кажаните работи.
Но, Панчо вели дека секоја критика му е добредојдена, особено ако е „на место“, бидејќи само кога човек ќе прифати дека за некои работи греши и не е во право - расте и учи.
Овој пат, познатиот музичар, им се обрати на сите свои знајни и нејзнајни следбеници на социјалните мрежи, со критика дека се тажни бидејќи често не ги поддржуваат пријателите, се ситат на нечиј неуспех, па им порача да се сменат - да сакаат и да даваат љубов и поддршка, за животот да им тргне на подобро.
Ова е неговата порака:
„Знаете зошто сте тажни?
Зашто не се радувате на туѓата среќа и успех.
Знаете зошто сте тажни?
Зашто искрено не ги поддржувате своите блиски другари и пријатели во своите бизниси или професии.
Знаете зошто сте тажни?
Зашто кај другарите во угостителските објекти не плаќате и мислите дека задолжително ви следува гратис пијачка или ‘манџа’, а кај останатите угостители, кои не се познавате лично, секогаш оставате и бакшиш. Треба да е скроз обратно!
Знаете зошто сте тажни?
Зашто не плаќате карти кај артистите, промотерите, организаторите кои ви се другари.
Знаете зошто сте тажни?
Зашто не ја поддржувате, цените ниту споделувате нивната работа, спотови, песни и уметност, а тие кои не ги познавате лично или кои доаѓаат од страна, први сте да има дадете најголема поддршка и секогаш зборите во суперлативи, а ‘успат’ и така добро ‘усисавате’, што ви треба пакет тоалет да се избришете.
Знаете зошто сте тажни?
Затоа што ги исмејувате нашите спортисти и никогаш не им давате поддршка кога не им е денот или периoдот. Лесно е да се радуваш на успех, биди голем човек и биди со нив кога им гори под нозе и кога не можат да заспијат бидејќи направиле грешка и доживеале пораз.
Знаете зошто сте тажни?
Затоа што реципроцитетот во природата на давање и примање е исто како и кармата. Не очекувај поддршка ако не ја даваш. И не ја давај колку да ти пишат цртка дека си ја дал, давај ја со отворено и искрено срце.
Знаете зошто сте тажни?
Затоа што менталитетот ви е таков да не го поддржите својот ближен, поготово ако е македонско.
Знаете кога нема да сте тажни?
Кога искрено ќе давате безрезервна поддршка и ќе се радувате за секој еден ваш пријател без оглед на професијата (спортист, уметник, пејач, угостител, промотер, доктор, професор, шофер итн, итн).
Давајте искрено, така ќе се радуваат двајца, и така ќе ширите позитивната енергија наоколу.
За среќа е потребно малку“.
https://www.facebook.com/pancho.shortydnk/posts/pfbid0Lusk79eUU8zX8R7fHNfthCQiRTqzYFK38qqBNFedUmz6fmyR7iSzZgkpn7APBMwdl
А. Ј. | Црнобело