Славчо Попоски, метеоролог: „Температурите ќе паѓаат, од утре пороен дожд, грмежи и силен ветер“

„Во скопскиот регион утре (петок) се очекуваат нови врнежи од дожд, а ќе дува и засилен јужен ветер“, вели Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-temperaturite-kje-pagjaat-od-utre-poroen-dozhd-grmezhi-i-silen-veter-01.jpg

Неделава беше врнежлива, а освен денешниот сончев ден, повторно нè очекува дожд, но и можност за силен ветар.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„По краткотрајната стабилизација на времето која ја имаме, веќе од утре (петок) влегуваме во нов подолг период на променливо време со чести врнежи, додека поради продор на многу поладен воздух од север, температурите дополнително ќе опаднат и ќе бидат невообичаено ниски за овој период од годината.

Утре (петок) од запад ќе се прошират нови врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи како и со засилен ветер. Локално се можни поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме.

Утре, како и во сабота, ќе дува повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец (повремено и локално со брзина од над 70km/h).

slavcho-poposki-meteorolog-temperaturite-kje-pagjaat-od-utre-poroen-dozhd-grmezhi-i-silen-veter-02.JPG

Во сабота и во недела ќе има појава на повремен локален дожд, додека во текот на следната седмица, и тоа под влијание на серија влажни воздушни бранови, повремено ќе имаме пообилни врнежи од дожд.

Поради падот на температурите, за време на викендот, како и во текот на следната седмица, не се исклучува можноста на највисоките планински места (над 2000 метри надморска височина) да има провејување и на првите снегулки за оваа сезона.

И во скопскиот регион утре (петок) се очекуваат нови врнежи од дожд, а ќе дува и засилен јужен ветер. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи.

Во сабота и недела во делови од котлината ќе има услови за краткотраен дожд, а во текот на следната седмица повремено ќе има пообилни врнежи од дожд.

slavcho-poposki-meteorolog-temperaturite-kje-pagjaat-od-utre-poroen-dozhd-grmezhi-i-silen-veter-03.JPG

Што се однесува до температурите, тие наутро, но и преку ден ќе бидат невообичаено ниски за овој дел од годината.

Наутро на многу места тие ќе се спуштаат под 10 степени Целзиусови, некаде и под 5 степени Целзиусови, а особено на повисоките планински места, тие ќе се спуштаат и до околу, па дури и под нулата.

Не се исклучува можноста за време на викендот, како и во текот на следната седмица, во Македонија да се појави и првиот утрински мраз за оваа сезона, особено на високите и на планинските места.

Максималните дневни температури, пак, од викендов, па и во текот на следната седмица, ќе се искачуваат во интервалот претежно од 15 до 23 степени Целзиусови“.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Димитар ја запроси саканата Стефани под ѕвезденото небо на Тунис (видео) „Тој порача шише вино во соба, но не ми беше чудно зашто често ми прави романтич...
„Сега сама ги споделувам нашите спомени и дружења“ - Пријателите и естрадата се простуваат од Зоки Ф... „Збогум Зочко, беше прекрасен човек, полн со емпатија, полн со љубов и желба за ...
Тијана Дапчевиќ: „Тоше беше ангел на земјата, Господ си го зеде за да му пее на небото“ „Во средно Тоше свиреше на кларинет. Еден ден татко ми дошол на натпревар во учи...
Славчо Попоски, метеоролог: „Снежен бран во Македонија – врнежи од снег и на пониските места“ „Од сабота, а особено во почетокот на следната седмица, врнежи од снег ќе има во...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg