Славчо Попоски, метеоролог: „Можно е невреме во текот на неделата, температурите значително ќе опаднат“
- Детали
- понеделник, 22 јули 2024
„Во делови од Скопската Котлина во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме“, вели Славчо Попоски.
Топлотниот бран со температури и до 40˚C трае повеќе од две недели. Освен краткотрајните врнежи минатата недела, изминатиов период не видовме ни облак на небото.
Сепак, според последните прогнози, сосема возможно е во текот на неделата да забележиме промена на времето, па дури и невреме.
Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски за претстојната недела:
„Во текот на оваа нова работна седмица во Македонија, особено во попладневните и во вечерните часови, ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме, проследено со поројни врнежи од дожд, силни грмежи и електрични празнења, силен ветер и со појава на град.
И во делови од Скопската Котлина во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Можна е и појава на невреме.
Апелираме, во случај на појава на невреме и на силни електрични празнења, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Што се однесува до температурите, тие за разлика од изминатите денови, секојдневно ќе бележат тенденција на постепено опаѓање.
Позначително ќе опаднат кон крајот на оваа работна седмица и тие ќе бидат потпросечни за месец јули и ќе се искачуваат во интервалот од 25˚C до 33˚C, додека наутро тие ќе се спуштаат во интервалот помеѓу 10˚C и 19˚C“.
Спирова С. | Црнобело
фото: Фејсбук, freepik.com
Би можело да ве интересира:





