Славчо Попоски, метеоролог: „Неделава натпросечно топло време, со мала можност за краткотраен дожд“

„Во скопскиот регион оваа недела ќе биде натпросечно топло, но повремено можна е ретка појава на краткотраен пороен дожд“, вели метеорологот Славчо Попоски.

slavcho-poposki-meteorolog-nedelava-natprosechno-toplo-vreme-so-mala-mozhnost-za-kratkotraen-dozhd-01.jpg

Високите температури ќе продолжат и во првата недела од септември, а иако постои можност за краткотраен дожд, сепак е многу мала.

Во продолжение, прогнозата на Славчо Попоски:

„Во текот на оваа работна недела во Македонија ќе имаме натпросечно топло време (продолжено лето), со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 36 степени Целзиусови.

Сепак, наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 20 степени Целзиусови.

Времето во текот на оваа работна недела ќе биде сончево, повремено со умерена облачност, која локално би можела да биде и позначителна.

slavcho-poposki-meteorolog-nedelava-natprosechno-toplo-vreme-so-mala-mozhnost-za-kratkotraen-dozhd-02.jpg

Особено во планинските предели, во попладневните часови очекуваме и конвективен развој на грмотевични облаци кои би условиле појава на краткотрајни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилување на ветерот во зоната на нестабилност.

И во скопскиот регион оваа работна недела ќе помине во знакот на натпросечно топло и претежно стабилно време.

Сепак, повремено во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Наутро, температурата во Скопје ќе се спушта во интервалот помеѓу 16 и 17 степени Целзиусови, додека преку ден таа ќе се искачува во интервалот помеѓу 34 и 35 степени Целзиусови.

Спирова С. | Црнобело

фото: Фејсбук, freepik.com

Би можело да ве интересира:

Славчо Попоски, метеоролог: „Можни се обилни врнежи од дожд, грмотевици, но и појава на град“ „Очекуваме повремен пороен дожд и услови за појава на грмежи, како и засилен вет...
Славчо Попоски, метеоролог: „Очекуваме натпросечно топло време до крајот на оваа зима“ „Овој викенд температурите ќе бидат натпросечно високи, но ќе дува и силен ветер...
Славчо Попоски, метеоролог: „Неделава ќе биде постудено, најмногу сонце во четврток и петок“ Малку пониски температури, слаби врнежи од дожд, но и повремено засилен ветер – ...
Мартија Станојковиќ во Дубаи - Позира во бикини Ручек покрај базен, ден поминат во познат ресторан на плажа и уживање во топлото...
„Градиме кариери, не стереотипи“ - приватниот сектор полека го прифаќа потенцијалот на жените Ромки Инклузијата и еднаквоста се повеќе од само идеали - тие се клучни концепти за пр...
Славчо Попоски, метеоролог: „До крајот на мај нестабилно време, можни се и поплави“ „До самиот крај на месец мај ќе се задржи значително топлото време, но и понатам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg