Матеја ја запроси саканата Драгана во Виетнам: Романтика на зајдисонце во ресторан на плажа

„Мислев дека ќе ме запроси во Тајван, бидејќи пред да отидеме во Виетнам, таму живеевме 2 месеца. Прстенот го купил во Македонија и цело време го носел со него“, ни раскажа Драгана за романтичното запросување на плажа.

mateja-ja-zaprosi-sakanata-dragana-vo-vietnam-romantika-na-zajdisonce-vo-restoran-na-plazha-01.jpg

Драгана Стојановска (29) од Куманово и Матеја Николовски (33) од Скопје, по шест години врска се свршија додека беа на патување во Виетнам.

Двајцата работат во ИТ компании и поради работните обврски на Матеја, два месеца живееле во Тајван. 

Во ова време Драгана очекувала тој да ја побара за сопруга, но кога не се случило тоа, некако се откажала од идејата дека можеби во Македонија ќе се вратат свршени.

mateja-ja-zaprosi-sakanata-dragana-vo-vietnam-romantika-na-zajdisonce-vo-restoran-na-plazha-06.jpg

Пред да се вратат од Тајван во Македонија, тие неколку дена поминале на одмор во Виетнам. А таму, Матеја сепак ја изненадил Драгана и извадил свршенички прстен додека вечерале на плажа, па клекнал на колена во моментот кога сонцето заоѓало.

Драгана за CRNOBELO.com ја сподели нивната романтична приказна:

„Се запознавме во кафе бар во Скопје, преку заеднички пријатели за дочек на Нова година (2015), но во врска сме од декември 2017 година, откако повторно стапивме во комуникација преку Инстаграм.

mateja-ja-zaprosi-sakanata-dragana-vo-vietnam-romantika-na-zajdisonce-vo-restoran-na-plazha-10.jpg

Имаме разговарано на темата брак и знаевме дека ќе се случи, бидејќи и двајцата го сакавме тоа. Иницијално, мислев дека ќе ме запроси во Тајван, бидејќи пред да отидеме во Виетнам, живеевме во Тајван 2 месеца.

Матеја беше пратен на работно патување во Тајван преку неговата компанија каде што работи како customer support team lead, а јас решив да дојдам со него.

Добив одобрување од мојата ИТ компанија, каде што сум data engineer, за да работам од Тајван.

mateja-ja-zaprosi-sakanata-dragana-vo-vietnam-romantika-na-zajdisonce-vo-restoran-na-plazha-03.jpg

Но, во текот на тие 2 месеца се откажав и мислев дека сепак нема да ме запроси. Ова чувство траеше сè до денот на самото запросување во Виетнам, кога ми рече да се спремам затоа што сака да ме однесе на романтична вечера.

Тогаш повторно сомнежите беа разгорени во мене.

mateja-ja-zaprosi-sakanata-dragana-vo-vietnam-romantika-na-zajdisonce-vo-restoran-na-plazha-02.jpg

Матеја не бил до овој степен романтичен во текот на нашата врска. Но самото запросување беше преромантично.

Имавме вечера на самата плажа. Небото беше во магични бои. Клекна на колена во моментот кога сонцето заоѓаше. Буквално, за мене, целиот момент беше како во бајка.

Бев пресреќна. Уште сум пресреќна. Не можев да престанам да се смеам, очите ми беа наполнети со солзи од среќа. Иако се посомневав дека ќе ме запроси, рацете и нозете ми се тресеа од трема.

mateja-ja-zaprosi-sakanata-dragana-vo-vietnam-romantika-na-zajdisonce-vo-restoran-na-plazha-14.jpg

Прстенот ми е малку поголем, но, очекувано беше. Го бирал сам и без никаква помош. Сепак, кога го гледам самиот прстен, се гледам себеси. Не можел да избере подобро за мене.

Инаку, прстенот е купен во Македонија и тој го носел со него за време на целиот наш престој во Тајван.

Тоа значи дека 2 месеца го носел прстенот со него од хотел до работа и од работа до хотел. И поминал неколку аеродроми со прстенот во себе.

mateja-ja-zaprosi-sakanata-dragana-vo-vietnam-romantika-na-zajdisonce-vo-restoran-na-plazha-08.jpg

Родителите беа првите што дознаа дека ќе се венчаме. Плановите за свадба се во тек, но уште немаме ништо конкретно одлучено“.

Повеќе фотографии од запросувањето на Драгана:

mateja-ja-zaprosi-sakanata-dragana-vo-vietnam-romantika-na-zajdisonce-vo-restoran-na-plazha-04.jpg

mateja-ja-zaprosi-sakanata-dragana-vo-vietnam-romantika-na-zajdisonce-vo-restoran-na-plazha-07.jpg

mateja-ja-zaprosi-sakanata-dragana-vo-vietnam-romantika-na-zajdisonce-vo-restoran-na-plazha-15.jpg

mateja-ja-zaprosi-sakanata-dragana-vo-vietnam-romantika-na-zajdisonce-vo-restoran-na-plazha-11.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. 

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Инспиративна мајка: Македонка држи говор со 7-месечното бебе - доказ дека жените можат сè „Многу нови мајки можеби мислат дека присуството на некаква обука со бебе е голе...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg