Браво! Мотоциклистот Христијан Бузалковски со донации собра 1.000 пакетчиња за деца од ранливите категории

„Оваа година заедно со отец Методијa собравме околу 1.000 пакетчиња, што е 4 пати повеќе од минатата! Навистина сме многу позитивно изненадени од хуманоста на граѓаните“, вели европскиот шампион во мотоциклизам Христијан Бузалковски.

bravo-motociklistot-hristijan-buzalkovski-so-donacii-sobra-1-000-paketchinja-za-deca-od-ranlivite-kategorii-01.jpg

Македонскиот мотоциклист Христијан Бузалковски, четврта година по ред, пред новогодишните празници организира хуманитарна акција во која собира донации - пакетчиња за децата од најранливите семејства.

Откако кон средината на декември преку социјалните мрежи ги повика сите што сакаат да донираат за децата, тој успеа да собере околу 1000 пакетчиња, кои ќе им донесат радост на 1.000 дечиња.

bravo-motociklistot-hristijan-buzalkovski-so-donacii-sobra-1-000-paketchinja-za-deca-od-ranlivite-kategorii-10.jpg

Христијан акцијата за собирање пакетчиња ја организира заедно со отец Методија од црквата Св. Петар и Павле во Скопје.

Бузалковски, кој е третопласиран на FIM Europе и трикратен европски шампион во БМУ категорија, за CRNOBELO.com вели дека и самиот е изненаден од бројот на донации, бидејќи лани со отецот собрале околу 250 пакетчиња, а годинава очекувале тој број да стигне докај 400-500, но не 1.000.

bravo-motociklistot-hristijan-buzalkovski-so-donacii-sobra-1-000-paketchinja-za-deca-od-ranlivite-kategorii-07.jpg

Христијан е пресреќен што толку многу деца ќе добијат барем по едно пакетче, па ова му е поттик и в година да продолжи со идејата што ја започна во 2021-ва.

„Идејата за оваа акција дојде сосема случајно.

Започна како една мала акција со собирање симболичен број на пакетчиња за децата кои немаат, но од година во година, заедно со отец Методија, а и благодарение на сите хумани граѓани, бројката се зголемуваше.

bravo-motociklistot-hristijan-buzalkovski-so-donacii-sobra-1-000-paketchinja-za-deca-od-ranlivite-kategorii-09.jpg

Оваа година успеавме да собереме околу 1.000 пакетчиња, што е 4 пати повеќе од минатата!

Навистина сме многу позитивно изненадени од одзивот и хуманоста на сите граѓани кои се вклучија во оваа акција.

bravo-motociklistot-hristijan-buzalkovski-so-donacii-sobra-1-000-paketchinja-za-deca-od-ranlivite-kategorii-02.jpg

Дел од оние кои донираа ги носеа пакетчињата кај мене, дел ги земав јас, ако некој не можеше да ни ги достави, а дел ги оставаа во црквата кај отецот.

Пакетчињата ќе се донираат на различни места, а поголемиот дел се за деца од ранливи категории.

bravo-motociklistot-hristijan-buzalkovski-so-donacii-sobra-1-000-paketchinja-za-deca-od-ranlivite-kategorii-05.jpg

Еден дел веќе ги поделиме и се надеваме дека ќе успееме да ги поделиме сите до божиќните празници, затоа што се навистина многу и бараат добра организација.

Не можам да кажам дека се гордееме со ова што го правиме, но ќе кажам дека сме многу среќни што знаеме дека оваа акција зема сè поголем одзив на хуманите луѓе кои сакаат вистински да помогнат“.

bravo-motociklistot-hristijan-buzalkovski-so-donacii-sobra-1-000-paketchinja-za-deca-od-ranlivite-kategorii-04.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тања од Скопје нацртала 35 камчиња и ги оставила на грчка плажа: „Реакциите на луѓето кои ги наоѓаа ... „Идејата ми дојде откако претходно на Водно син ми најде нацртано камче од девој...
„Родители внимавајте“: Нов опасен ТикТок предизвик во Македонија и регионот – деца завршија во болни... Предизвикот познат како „Супермен“ се прослави и кај нас, а веќе десетина деца с...
Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Снеже Велков со моќна објава: „Еј убавице, многумина ќе го сакаат твоето тело, но само еден и твојат... „Убавице, многумина ќе сакаат да се до тебе кога ќе си убава и дотерана, ама сам...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Евгенија Колев: „Првите денови во Дубаи беа хаотични, баравме стан на 40°C со две деца во количка“ „Барање станови на +40 со Матиас и Давид во количка, средување документација, из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg