Христијан Бузалковски, мотоциклист: „Една мото сезона чини 100.000 евра, имам освоено 10 титули и 125 пехари“

„На почетокот со брат ми немавме поддршка од семејството, ни морална ни финансиска, моравме да земеме кредит за да почнеме да се тркаме. Најјако беше тоа што дома не правевме муабет месец дена. Но, сега нè поддржуваат максимално“, вели Христијан Бузалковски, кој испиша историја како прв Македонец кој го освоил шампионатот во Чешка.

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-01.jpg

Христијан Бузалковски (28) од Скопје е професионален моторциклист и веќе 10 години се натпреварува во дисциплината брзински моторциклизам.

Тој неодамна се натпреваруваше во чешкото домашно мото-првенство и ја освои титулата.

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-11_copy.jpg

Но, поинтересно е што испиша и историја како прв Македонец кој освоил титула во нивниот шампионат.

Христијан пред неколку дена си ја зеде и титулата, а друштво во Чешка му правеше неговиот брат Никола, за кого вели дека му е сè.

„Тој ми е и поддршка и менаџер, ми помага при подготовките околу моторот, анализира телеметрија, тој ми е механичар за на стаза, ама и ми прави јадење кога не сме во Македонија. Само што не вози“ - ни кажа Бузалковски.

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-13.jpg

По враќањето, за CRNOBELO.com Христијан раскажа за адреналинот кој го носи овој скап спорт, зошто го избрал бројот 71, за титулата, но и за неговата хумана страна, односно собирањето и донирањето новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства.

Прочитајте го интервјуто со македонскиот мото-шампион:

Неодамна се врати од Чешка, каде што ти ја доделија титулата од тамошниот шампионат. Како си помина, како изгледаше гала настанот?

Да, се вративме со брат ми од Чешка со титулата која ја освоив во нивното домашно првенство.

Ова претставува историски момент и за нас, но и за нив, затоа што првпат Македонец ја освојува титулата во нивниот национален шампионат.

Гала настанот беше навистина одлично организиран, но она што мене ме фасцинираше најмногу е зградата на нивната мото федерација, која е огромна и прилично луксузна.

Со Никола нè пречекаа како што доликува, нè сместија и уживавме во доделувањето на наградите.

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-12.jpg

За каква титула се работи - колку трки се возеа, во која класа, во колку од нив победи...?

Се работи за титула во Чешкиот шампионат во класата Superstock1000 којшто се вози паралелно со Alpe Adria интернационалниот шампионат.

Оваа сезона успеав да победам на 4 трки од вкупно 8.

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-03.jpg

Ова е една од многуте титули кои ги има досега во твојата витрина... Всушност, колку медали/титули имаш? Имаш ли некоја што ти е најдрага?

Точно така, ова е уште една титула која ќе ја краси витрината.

Досега имам освоено 10 титули, 125 пехари, 5-6 медали, 3 признанија за најуспешен моторциклист (2021, 2022 и 2023 година).

Во принцип, сите ми се драги, затоа што се остварени со многу труд и напорна работа.

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-07.jpg

Кога почнаа да те интересираат мототрките? Се сеќаваш ли на првата трка?

Мототрките ме интересираат целиот живот, меѓутоа финансиите биле тие што ме спречувале да започнам уште порано со овој спорт.

На првата трка секако дека се сеќавам, тоа беше 25 мај 2014 година.

Искрено, тоа се моменти коишто не може човек да ги заборави.

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-05.jpg

Дали некој од твоето семејство се бави со ова или ти си првиот? Ти беше ли семејството поддршка на почетокот или стравуваа за твојата безбедност?

Татко ми се натпреварувал на мотокрос трки, a мојот брат на ендуро трки.

Но, сето тоа било во краток временски период и не било на начин на којшто го правиме денес ова со мене.

На почетокот јас и мојот брат немавме апсолутно никаква поддршка од семејството, ниту морална ниту финансиска, моравме да земеме кредит за да почнеме да се тркаме.

И секако, најјако беше тоа што дома не правевме муабет месец дена.

Ама, сега морам да кажам дека нè поддржуваат максимално.

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-17.jpg

Каде тренираш и има ли кај нас солидни услови за тренинг?

За жал, кај нас немаме патека каде што ќе може да се тренира, па затоа мора да одиме во некоја од соседните земји доколку сакаме да направиме тренинг.

А во однос на условите, мислам дека заслужуваме да имаме подобри, особено кога станува збор за тренинг со мотор, додека другите услови ни се обезбедени.

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-09.jpg

Зошто го избра бројот 71 за моторот? Има ли некое значење?

71 е бројот што го наследив од мојот брат. Многу пати сум кажал и секогаш ќе кажувам дека поради него сум јас ова што сум денес.

Да не беше тој, сигурен сум дека сега немаше да го правиме ова интервју и јас немаше да се занимавам со овој спорт.

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-16.jpg

Дали е мотоциклизмот скап спорт? Колку чини една сезона?

Не е скап - екстремно е скап, ха, ха. Една сезона знае да чини и до 100.000 евра, а европските тимови, убеден сум дека ги чини и два до три пати повеќе.

Во цената спаѓа и моторот што се вози.

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-14.jpg

Ти се занимаваш и со хуманитарна работа, и веќе неколку години собираш пакетчиња за деца чии родители не можат да си го приуштат тоа. Ќе има ли и годинава таква акција?

Да, да. Покрај тоа што сите ние сакаме да бидеме успешни (на кое било поле), не смееме да заборавиме и на хуманоста која еден човек треба да ја поседува и да ја споделува.

Па, така да и оваа година ќе имаме новогодишна акција „го полниме цивикот со пакетчиња“ и ќе се потрудиме да собереме повеќе пакетчиња од лани за да израдуваме уште повеќе дечиња!

hristijan-buzalkovski-motociklist-edna-moto-sezona-chini-100-000-evra-imam-osvoeno-10-tituli-i-125-pehari-08.jpg

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Игор Пехчевски за борбата со цистична фиброза: „Благодарение на лекот Трикафта, првпат во животот не... „За првпат откако знам за себе, јас не кашлам и не се задушувам во густ леплив с...
Марија Шерифовиќ за CRNOBELO: „Сите мајки за своите деца велат дека се најмили, ама мојот син е љубо... „Откако станав мајка веќе немам време да се релаксирам, сфатив дека ова е хаос и...
Охриѓанката Маринела Кошаркоска е тату-артист во Чикаго: „Од дете цртав уметнички дела и икони, сега... „Талентот за цртање го носам во гените од мала. На училиште постојано цртав...
Д-р Радица Бојчева, гинеколог: „Најчести инфекции се ХПВ и хламидија, не секој тип на рак е наследен... „Девојчињата коишто не се сексуално активни посетуваат гинеколог после 12 односн...
Тони Зен за татковството: „Синот Јасен ме смени на подобро“ „Со Јасен сме како другари. Ако не оди во градинка, цел ден сме заедно, башка и ...
Полина Тасева: „Во битолското кабаре се пронајдов себеси, секое излегување на сцената е нов предизви... „На еден настап во кабарето снема струја и ние останавме во темница на сцената.&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg