Фит Македонка - Симона Ристовска (32): „Нозете и задникот се мојот најсилен адут“

„Секоја вечер пред спиење ги спремам сите мои оброци за наредниот ден, а омилени тренинзи ми се за нозе, задник и грб“, вели Симона Ристовска (32) од Скопје, персонален фитнес тренер.

fit-makedonoka-simona-ristovska-32-nozete-i-zadnikot-se-mojot-najsilen-adut-01.jpg

Симона Ристовска (32) од Скопје е персонален фитнес тренер, која покрај со тренинзите на клиентите, постојано е активна и со тренинзи за подобрување на својата телесна форма.

Со здрави навики во поглед на исхраната и дисциплинираност таа изгледа навистина фит.

За CRNOBELO.com Симона зборува за нејзината работа и навики:

„На 16 години за првпат влегов во светот на фитнесот и бодибилдингот. Долг период работев активно на себе за да стекнам знаење и искуства, трансформација која ме промени физички и ментално, а потоа добив и лиценца за бодибилдинг и фитнес инструктор.

fit-makedonoka-simona-ristovska-32-nozete-i-zadnikot-se-mojot-najsilen-adut-07.jpg

Веќе 6 години активно работам како инструктор и личен тренер.

Целта на мојот пристап кон секој клиент е, пред сè, тој да изгради здрави навики и здрав начин на живот.

fit-makedonoka-simona-ristovska-32-nozete-i-zadnikot-se-mojot-najsilen-adut-08.jpg

Со долготраен труд и посветеност да постигне резултати кои водат до идеална тежина: намалување на телесните масти, зголемување на мускулната маса, подобрување на кардиоваскуларниот систем, подобра мобилност и флексибилност, намален стрес, добар сон и здрав организам полн со енергија во текот на целиот ден.

fit-makedonoka-simona-ristovska-32-nozete-i-zadnikot-se-mojot-najsilen-adut-04.jpg

Вршам постојан надзор и целосна посветеност со цел постигнување на посакуваните резултати преку персонализирана програма на вежби и планови за исхрана.

fit-makedonoka-simona-ristovska-32-nozete-i-zadnikot-se-mojot-najsilen-adut-05.jpg

Не заборавајте дека големината на теговите и отпорот зависи од вашата физичка способност и цел.

fit-makedonoka-simona-ristovska-32-nozete-i-zadnikot-se-mojot-najsilen-adut-02.jpg

Инаку, секоја вечер пред спиење ги спремам сите мои оброци за наредниот ден. Па, денот ми започнува со детокс на телото, мојот прв здрав оброк и црно кафе.

fit-makedonoka-simona-ristovska-32-nozete-i-zadnikot-se-mojot-najsilen-adut-10.jpg

Во текот на денот, помеѓу моите приватни тренинзи со клиентите, издвојувам време и за мојот тренинг.

fit-makedonoka-simona-ristovska-32-nozete-i-zadnikot-se-mojot-najsilen-adut-06.jpg

Практикувам за себе 5 тежински тренинзи во текот на неделата.

fit-makedonoka-simona-ristovska-32-nozete-i-zadnikot-se-mojot-najsilen-adut-03.jpg

Омилени тренинзи ми се за нозе, задник и грб, но не ги занемарувам и останатите мускулни групи.

fit-makedonoka-simona-ristovska-32-nozete-i-zadnikot-se-mojot-najsilen-adut-09.jpg

Секако, нозете и задникот се мојот најсилен адут.

fit-makedonoka-simona-ristovska-32-nozete-i-zadnikot-se-mojot-najsilen-adut-11.jpg

Како кај мене, така и кај повеќето вежбачи, најтежок тренинг се нозете, се креваат поголеми тежини, одморот меѓу сериите е подолг и тренингот е долготраен“.

Повеќе фотографии од неа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Клаудиа Адеми, нутриционист на познатите: „Антониа јадеше 5 пати на ден, а ослабе 30kg за два месеца... „Нутриционист не е само да правиш мени за исхрана, туку да научиш сè за алергии,...
Верица од Струмица вежба фитнес на шипка: „Има негативни коментари, но ова е спорт кој бара голема п... „Многупати сум слушнала коментари од типот на тоа дека ако не успеам во кариера,...
Јован и Никола имаат бурекчилница во Австралија: „Продаваме скоро 30 вкусови на бурек, ама најбарани... „Бизнисот го наследивме од прадедо ни. Имаме многу популарни вкусови надвор од н...
„Ако не ви се вежба - пешачете“: Совети од Ева Таневска за празничните денови „Ако досега не сте стекнале навика за вежбање, почнете да пешачите на најблискат...
Фитнес моделот Стефан Спирковски кампуваше на вториот крак во Грција: „Најважно ми е да е чисто, шат... „Нема поубаво од камп и добро друштво, плажата ти е постојано на дофат и ноќи по...
Тоше Проески, Александра Шијакоска: Талентирана девојка од Скопје ги црта нашите познати личности и ... Од Тоше Проески до Калиопи и Стефан Лазаров, девојка од Скопје ги црта нашите сл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg