„Со 3 килограми повеќе, изгледам подобро“ - Македонка ја прикажува драстичната трансформација на задникот

Симона Ристовска вежбала долг период, па имала пауза од 3 месеци, а сега го документира процесот на враќање во форма, по паузата. Главниот фокус ѝ се тренинзите за обликување на задникот.

so-3-kilogrami-povekje-izgledam-podobro-makedonka-ja-prikazhuva-drastichnata-transformacija-na-zadnikot-01.jpg

Симона Ристовска е персонален фитнес тренер и на својот Инстаграм профил сподели дека повеќе си се допаѓа како изгледа со 3 килограми повеќе.

Таа направи споредба како изгледала со 46 килограми, а како со 49 килограми, кога со балансирана исхрана и редовни тренинзи стигнала до телото што го посакува.

Главен фокус Симона посветува на обликувањето на задникот и на стомачните мускули.

Таа вежбала долг период, па имала пауза од 3 месеци, а сега го документира процесот на враќање во форма, по паузата.

Нејзината објава:

Слика 1 - 46 килограми
Слика 2 - 49 килограми

„Како што кажав и пред 3 месеци сè уште не знам како ќе издржам без тренинг. Но, ете поминаа тие 3 месеци и еден цел месец како се враќам од почетокот на прагот, со нови предизвици и цели.

Најтешкиот дел е почетокот, а тој се случува во вашата глава. Оставете ја паузата зад себе која се случила и фокусирајте се на она што доаѓа, како што направив и јас. Враќањето во форма всушност значи враќање на телото во совршен баланс со вашиот тренинг и исхрана, кои се меѓусебно поврзани.

Ако сте вежбале редовно за кратко време ќе се вратите повторно во форма, благодарение на фактот што мускулите памтат, додека кај другиот дел од луѓето кои не биле до сега физички активни потребно е време, трпение, труд и упорност до поставените реални цели.

so-3-kilogrami-povekje-izgledam-podobro-makedonka-ja-prikazhuva-drastichnata-transformacija-na-zadnikot-02.jpg

Да не заборавам и за бројките на вагата дека се само БРОЈКА и ништо друго... Водете си дневник со мерки, сликајте се и пратете го вашиот напредок и резултат.

Сакај си го телото и верувај во себе дека ќе успееш, бидејќи тоа е единственото место во кое мора да живееш. Вложи во себе, твоето тело.

Ова не е крај, само почеток...“

Секако, секое тело е различно и доколку сакате да постигнете трансформација на телото, најдобро е да се обратите кај професионалец.

Повеќе фотки од Симона:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонка со драстична трансформација: Како изгледав и живеев на 35 години vs. на 50? „Ова е Гоца на свои 35 години - работичка сигурна од 08 до 16 часот, платичка на...
Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонка со инспиративен потег - наместо да купува, веќе 3 години рачно им прави подароци на сакани... „Пред 3 години, почнав на најблиските за секој роденден и празник да им подарува...
Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
„Ова сум јас пред 3 години со +33kg“ – Антониа Гиговска за периодот пред драстично да ослабе Пред 3 години ослабе драстично и за само 2 месеца намали 30 килограми – денес, д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg