Стара чаршија, Водно: Убавината на Скопје низ објективот на Димитар Штериов
- Детали
- вторник, 31 декември 2024
„Чаршијата сакам да ја сликам затоа што е живописно и безвременско место, полно со карактер и историја.“, вели Димитар Штериов (32) oд Скопје.
Димитар Штериов (32) oд Скопје е дипломиран економист-маркетер, а хоби му е фотографијата.
За љубовта кон фотографијата тој за CRNOBELO.com открива:
„Фотографирањето ми претставува хоби и е начин да се долови секојдневниот живот околу нас, различноста на градскиот живот, но и убавината на моментите.
Фотографиите кои што ги објавувам од Скопје најчесто настануваат спонтано.
Скопските улици се исполнети со контрастни архитектонски стилови, од зградите од отоманската ера во Старата чаршија до неокласичните структури во центарот на градот, што ја прави секоја фотографија посебна.
Чаршијата сакам да ја сликам затоа што е живописно и безвременско место полно со карактер и историја.
Лавиринтот од тесни, калдрмени улици, античка архитектура и раздвижени продавници создаваат волшебна атмосфера што прави како да се враќате назад во времето.