Фитнес моделот Стефан Спирковски кампуваше на вториот крак во Грција: „Најважно ми е да е чисто, шатор местиме за 2 часа“

„Нема поубаво од камп и добро друштво, плажата на дофат, ноќи под отворено небо“ - вели за CRNOBELO.com фитнес моделот Стефан Спирковски кој неколку недели кампуваше низ вториот крак во Грција, ги покажа условите во камповите, објавуваше фотки од рани утрински тренинзи, но и како готви брзи, камперски оброци. 

fitnes-modelot-stefan-spirkovski-kampuvashe-na-vtoriot-krak-vo-grcija-najvazhno-mi-e-da-e-chisto-shator-mestime-za-2-chasa-01.Jpg

Фитнес моделот Стефан Спирковски (31), во изминатите неколку недели беше на кампување низ вториот крак во Грција, во камповите Талата и Сикиа. 

Тој на Инстаграм редовно објавуваше фотки и видеа од неговото секојдневие во камповите, каде покажа дека е дисциплиниран и се грижи за своето тело дури и кога е на одмор. 

fitnes-modelot-stefan-spirkovski-kampuvashe-na-vtoriot-krak-vo-grcija-najvazhno-mi-e-da-e-chisto-shator-mestime-za-2-chasa-06.jpeg

Стефан оди на утринско трчање, тренира, игра спортови на плажа и се труди да јаде здрава храна, но покажа и како готви вкусни и брзи здрави јадења. 

fitnes-modelot-stefan-spirkovski-kampuvashe-na-vtoriot-krak-vo-grcija-najvazhno-mi-e-da-e-chisto-shator-mestime-za-2-chasa-03.jpg

За камповите, конкретно за Сикиа, тој изјави дека е хотел со милион ѕвезди, дека ужива додека подготвува морски специјалитети на скара и брзи камперски оброци, а на фановите им направи и мини тура.

„Секој плац е плански и направен како што треба, тоалетите се многу чисти и средени како во хотел.

Има и заеднички фрижидери и плински, каде можете да си правите јадења ако не носите ништо такво. Во кампот има и апартмани што можете да си ги изнајмите“.

fitnes-modelot-stefan-spirkovski-kampuvashe-na-vtoriot-krak-vo-grcija-najvazhno-mi-e-da-e-chisto-shator-mestime-za-2-chasa-04.jpg

За плажата во Сикиа кампот вели дека не е многу голема, но дека е во залив и водата секогаш е топла и рамна како тепсија.

fitnes-modelot-stefan-spirkovski-kampuvashe-na-vtoriot-krak-vo-grcija-najvazhno-mi-e-da-e-chisto-shator-mestime-za-2-chasa-05.jpg

За кампувањето како искуство, Стефан раскажа за CRNOBELO.com:

„Активно кампувам 3 години. Првпат започна сосема случајно, кога еден другар ми предложи да одиме на диво кампување заедно со тогашните девојки во Грција.

Моментално кампувам со шатор и секоја година ја надополнувам опремата, бидејќи кампувањето бара целосна опременост.

fitnes-modelot-stefan-spirkovski-kampuvashe-na-vtoriot-krak-vo-grcija-najvazhno-mi-e-da-e-chisto-shator-mestime-za-2-chasa-08.jpeg

Отприлика за да се наместиш со шатор потребно е околу 2 часа. Што се однесува до неопходна опрема за кампување, освен шаторот, треба да има подлога, душек, маса, столчиња и прибор за готвење и јадење.

fitnes-modelot-stefan-spirkovski-kampuvashe-na-vtoriot-krak-vo-grcija-najvazhno-mi-e-da-e-chisto-shator-mestime-za-2-chasa-11.jpeg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

Стефан Лазаров за љубовта со Марта: „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успе... „Таа е жената со која ќе направам сè - фамилија, ќе делам и успеси и падови. Ние...
Стефан Миленковиќ за CRNOBELO: „Секогаш со задоволство се враќам во Македонија, го сакам вашиот ајва... „И понатаму свирам на виолината изработена во 1783 година. Таа била во сопствено...
„Со радост се сеќавам на моето детство во Скопје, кога не се заклучуваа вратите и комшиите беа насме... „Сум имал среќа да живеам повеќе години во четири различни земји од нашиот регио...
Д-р Иво Паункоски: „Опериравме срце на 2-месечно бебе, првпат користевме 3Д модел да се подготвиме з... „Бебето е првиот пациент со комплексна вродена срцева мана во Македонија, з...
Две сестри од Прилеп се породиле речиси во исто време: „Бевме заедно во соба во болница, му благодар... „И двете се породивме спонтано во градската болница во Прилеп. Нè сместија во ис...
Бојан Ковски за изложбата во која нацрта 16 голи тела: „Однапред ги спремам моделите за да нема неоч... „Времето потребно за сликање едно тело зависи од комплексноста на дизајнот. Обич...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg