Фитнес моделот Стефан Спирковски кампуваше на вториот крак во Грција: „Најважно ми е да е чисто, шатор местиме за 2 часа“
Досега сум бил во 3 кампа во Охрид - Љубаништа, Градиште и Даљан и во 4 кампови во Грција - Арменистис, Талата, Сикија и Стомио.
Главниот критериум за еден камп ми е хигиената, дали е добро снабден со маркет, убава плажа и дали има „дебели” сенки на плацовите.
Кампувањето дефинитивно има позитивни страни, а тоа се целодневната дружба, плажата ти е постојано на дофат и ноќи под отворено небо.
Негативни за среќа сè уште не сум ги искусил, а претпоставувам најлошо искуство е да те фати јако невреме во камп. Но, за среќа сега за сега не сум имал никакви непријатни ситуации.
Сепак, не би можел да кажам што е подобро дали камп, приватно сместување или хотел, секој треба да ги испроба сите опции и на крај да си ја најде онаа која него му одговара. Сè си има своја убавина.
Кога се однесува до готвењето во камп, неизбежна „алатка” за мене е мојот Air Fryer без кој не тргнувам никако, бидејќи е многу практичен и со него секогаш имам брз, вкусен и здрав оброк“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
M. M. | Црнобело