Браво! Македонската балерина Роксан Стојанов именувана за нова ѕвезда на Париската опера - блеска со полн сјај 

„Солзи, благодарност, исполнетост, гордост... не можам да опишам што чувствувам оваа вечер, нема да ја заборавам никогаш – благодарам на сите“ – напиша македонската балерина, која по изведбата на „Пакита“, ја доби престижната титула во Париската опера.

bravo-makedonskata-balerina-roksana-stojanov-imenuvana-za-nova-dzvezda-na-pariskata-opera-bleska-so-poln-sjaj-01.jpg

Нова ѕвезда заблеска во Париската опера – нашата балерина Роксан Стојанов доби престижна титула на крајот од декември 2024.

По изведбата на „Пакита“ од Пјер Лакот, каде таа ја имаше главната улога, балерината беше изненадена со неочекувано признание.

На предлог на Жозе Мартинез, директор за танц и Александер Неф, генерален директор на Операта, Роксан Стојанов беше именувана за „ѕвезда-танчарка на Париската Опера“.

Роксан е родена во Македонија во 1995-та, започнала да се занимава со балет уште во родната земја на 8-годишна возраст, пред да се пресели во Брисел, а подоцна, во 2007-ма се вклучила во училиштето по танци на Париската национална опера.

Во 2022 таа била промовирана во „главна танчарка“, а сега, според француските медиуми, таа стана 9-та „ѕвезда-танчарка“ на престижниот женски тим.

„Независно колку се надеваш дека ќе ја добиеш титулата, никогаш не знаеш кога ќе се случи и дали воопшто ќе се случи, беше вистинско изненадување, пресреќна бев“ – изјавила таа два дена подоцна.

bravo-makedonskata-balerina-roksana-stojanov-imenuvana-za-nova-dzvezda-na-pariskata-opera-bleska-so-poln-sjaj-06.jpg

На својот Инстаграм профил, балерината објави неколку фотографии од моментот на доделувањето на признанието и од изведбата на балетот.

Прочитајте дел од емотивната објава:  

„Ми недостасуваат зборови за да ги опишам емоциите кои минуваат низ мене од оваа вечер на 28-ми декември.

Изненадување, солзи, радост, благодарност, љубов, соништа, исполнетост, гордост... неописливо е, но ова беше вечер која нема да ја заборавам. Ви благодарам на сите пораки за поддршка и честитки.

Преплавена сум со љубов. Голема благодарност до г-дин Жозе Маринез и Александер Ниф за ова прекрасно изненадување и признание. Чест ми е што ја имам оваа титула и што ја претставувам Куќата на Париската опера.

bravo-makedonskata-balerina-roksana-stojanov-imenuvana-za-nova-dzvezda-na-pariskata-opera-bleska-so-poln-sjaj-03.jpg

Им благодарам на сите од ова друштво, на танчарите кои беа на сцена со мене, на сите кои се вклучени во процесот, како и на мојот партнер. Ти благодарам за ова шоу и сите овие недели полни со работа, секогаш се грижеше за мене и вечерва беше вистински џентлмен, уживав што ја делев сцената со тебе.

bravo-makedonskata-balerina-roksana-stojanov-imenuvana-za-nova-dzvezda-na-pariskata-opera-bleska-so-poln-sjaj-04.jpg

Им благодарам и на сите мои учители по балет во Македонија, Белгија, како и на оние од Париската опера.

И морам да се заблагодарам на моето семејство што секогаш ме поддржува, на моите сестри, мојата мајка (најсреќната жена на светот вечерва), на мојот татко кој ме гледаше од ѕвездите и моите пријатели. Златни луѓе сте“.

bravo-makedonskata-balerina-roksana-stojanov-imenuvana-za-nova-dzvezda-na-pariskata-opera-bleska-so-poln-sjaj-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2024 Што облекоа познатите личности кои присуствуваа во публиката, а што облекоа води...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Прилепчанката Ивана Ѓорѓиоска го победи ракот на лимфната жлезда: „Со двете деца во раце се изборив ... „Ивана ти си хероина на денот“, „Браво! Никогаш повеќе да не се повтори кај...
Македонија на нозе: Две мајки ќе донираат бубрези за своите деца – се собираат пари за операција Мајката на Филип ќе донира бубрег за да се спаси животот на друго дете, a Филип ...
Штипјанка направи роденденска забава инспирирана од Дивиот Запад - со вистински коњ и каубојски дрес... „Идејата за роденденот ми е уште од детството, бидејќи ги сакам коњите. Кога бев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg