Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2024

Што облекоа познатите личности кои присуствуваа во публиката, а што облекоа водителите и учесниците? CRNOBELO.com беше дел од втората вечер на фестивалот „Макфест“ 2024. Погледнете дел од фотографиите на црвениот тепих.

modata-na-crveniot-tepih-na-vtorata-vecher-na-makfest-2024-01.jpg

Синоќа (26.10) во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип се одржа втората вечер на најстариот и во моментов единствен фестивал на забавни мелодии во Македонија, „Макфест“.

Ако во рамки на првата вечер, која се одржа ден претходно, имавме можност да ги видиме недоволно афимрираните музичари, синоќа на сцената имавме враќање на голем број звучни музички имиња на домашната сцена.

modata-na-crveniot-tepih-na-vtorata-vecher-na-makfest-2024-46.JPG

Елена Ристеска, Дарио, Дани Димитровска, Антониа Гиговска… Ова се само дел од музичарите што синоќа се претставија со нови песни пред публиката, но и пред гледачите на ТВ екраните.

Годинава, по подолго време беше вратен оркестарот на сцената, па така нашите звучни музички имиња имаа изведби во живо.

Веруваме дека голем дел од песните што ги испеаја ќе станат хитови.

modata-na-crveniot-tepih-na-vtorata-vecher-na-makfest-2024-43.JPG

Инаку, повторно водители на вечерта беа Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, додека специјални водители беа Снеже Велков, Стојан Трпчевски, Ранко Петровиќ, Ангелка Пеева Лауренчиќ и комичарот Бојан Велевски.

modata-na-crveniot-tepih-na-vtorata-vecher-na-makfest-2024-29.JPG

Во публиката, забележително беше присуството на голем број познати јавни личности и музичари кои продефилираа на црвениот тепих и се фотографираа пред настанот.

modata-na-crveniot-tepih-na-vtorata-vecher-na-makfest-2024-11.JPG

Инаку, ова беше 39-то издание на популарниот фестивал, а уметничкиот директор Роберт Саздов, во кратка изјава за медиумите рече дека за наредното 40-то издание се планира уште поголем спектакл.

modata-na-crveniot-tepih-na-vtorata-vecher-na-makfest-2024-06.JPG

Во продолжение погледнете дел од фотографиите од модата на втората вечер на Макфест:

modata-na-crveniot-tepih-na-vtorata-vecher-na-makfest-2024-02.JPG

modata-na-crveniot-tepih-na-vtorata-vecher-na-makfest-2024-03.JPG

modata-na-crveniot-tepih-na-vtorata-vecher-na-makfest-2024-05.JPG

modata-na-crveniot-tepih-na-vtorata-vecher-na-makfest-2024-07.JPG

modata-na-crveniot-tepih-na-vtorata-vecher-na-makfest-2024-08.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
„Пази на пудрата“ – Јелена Спенџарска во забавно видео покажа како изгледа шопингот на жените Дали и вашиот шопинг изгледа вака? По колку време „заглавувате“ во гардероба, до...
Македонски познати личности кои ја кријат љубовта од јавноста Додека некои македонски парови јавно ја искажуваат љубовта, објавуваат фотки од ...
Каролина зрачеше со сексапил на концертот во Скопје: „На 1-ви март добивам повеќе честитки отколку н... Каролина повторно покажа зошто е нашата поп-кралица: два часа пееше и играше, а ...
„Ова е најтажниот ден во мојата кариера“ - Прво обраќање на Калиопи, откако на нејзиниот концерт во ... „Денес, наместо да го славиме животот на мојот концерт, загубивме еден живот“ – ...
Денес е „Свети Кирил и Методиј“ – Среќен именден Кирил, Кире, Методија, Менде... На 24-ти мај православните христијани го слават празникот Свети Кирил и Методиј....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg