Aлександра Пилева живее во САД со сопругот и синот (13): „Поминаа 20 години од мојата победа на Макфест“

„Секојпат кога ја пеам „Нема Утеха“ доаѓаат такви емоции. Немавме ниту еден човек наш со карти во публиката, моите беа дома, а пак продукцијата моја тогашна не беше ни свесна за тоа што песнава ќе донесе...“, емотивно споделува Александра Пилева Чадиев (44) за победата на Макфест во 2004.

aleksandra-pileva-zhivee-vo-sad-so-soprugot-i-sinot-13-pominaa-20-godini-od-mojata-pobeda-na-makfest-01.jpg

Александра Пилева Чадиев (44), која ја запознавме како девојката со моќен, ангелски глас со потекло од Неготино, во 2013 година ја напушти Македонија и со своето семејство се пресели во САД. 

aleksandra-pileva-zhivee-vo-sad-so-soprugot-i-sinot-13-pominaa-20-godini-od-mojata-pobeda-na-makfest-05.jpg

Таа е мајка на Лука (13), а нејзиниот сопруг е поранешниот тренер на женската одбојкарска репрезентација, Зоран Чадиев.

aleksandra-pileva-zhivee-vo-sad-so-soprugot-i-sinot-13-pominaa-20-godini-od-mojata-pobeda-na-makfest-06.jpg

Александра работи како агент за недвижнини, но не ја заборава и музиката, па понекогаш има настапи.

aleksandra-pileva-zhivee-vo-sad-so-soprugot-i-sinot-13-pominaa-20-godini-od-mojata-pobeda-na-makfest-02.jpg

Таа беше финалистка на манифестацијата „Плеј – потрага по ѕвезди“. На големото финале ја изведе песната „Ангел мој“, којашто беше наградена со една од двете специјални награди.

aleksandra-pileva-zhivee-vo-sad-so-soprugot-i-sinot-13-pominaa-20-godini-od-mojata-pobeda-na-makfest-04.jpg

aleksandra-pileva-zhivee-vo-sad-so-soprugot-i-sinot-13-pominaa-20-godini-od-mojata-pobeda-na-makfest-12.jpg

Во 2004 на Макфест настапи со песната „Нема Утеха“, а сега, 20 години подоцна, на нејзиниот Фејсбук профил се потсети на наградите што ги добила со оваа песна.

Нејзината објава гласи:

„20 години од победата на Макфест 2004 со „Нема Утеха“.

Песна која започна со свирење во станот на Весна Малинова и кога си реков конечно песна и за мене.

aleksandra-pileva-zhivee-vo-sad-so-soprugot-i-sinot-13-pominaa-20-godini-od-mojata-pobeda-na-makfest-03.jpg

Понекогаш мислам дека Весна ме познава повеќе како артист, отколку што јас се познавам самата...

Што да кажам... Секојпат кога ја пеам „Нема Утеха“ доаѓаат такви емоции што публиката ги познава и ги наградува. Едноставно самата изведба за мене прво е предизвик, па текстот, па музиката, па аранжманот на Дарко Тасев - прекрасно.

Немавме ниту еден човек наш со карти во публиката, моите беа дома, а пак продукцијата моја тогашна не беше ни свесна за тоа што песнава ќе донесе...

А, пак, новинарите ме наградија со награда за најдобра интерпретација. Каква чест!

Имам и планирам изненадување кое се надевам ќе имам можност да го изреализирам за ‘Нема Утеха’“.

aleksandra-pileva-zhivee-vo-sad-so-soprugot-i-sinot-13-pominaa-20-godini-od-mojata-pobeda-na-makfest-11.jpg

aleksandra-pileva-zhivee-vo-sad-so-soprugot-i-sinot-13-pominaa-20-godini-od-mojata-pobeda-na-makfest-08.jpg

aleksandra-pileva-zhivee-vo-sad-so-soprugot-i-sinot-13-pominaa-20-godini-od-mojata-pobeda-na-makfest-10.jpg

20 Godini od Pobedata na Makfest 2004 so Nema Uteha.Pesna koja zapocna so svirenje vo stanot na Vesna Malinova i koga si...

Posted by Aleksandra Chadiev on Tuesday, November 5, 2024

Прочитајте и Каде се денес ѕвездите на М2 продукција: Што прават сега Сакине, Џеват, Александра Пилева, Игор и Сања Лефкова?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...
Уникатни имиња на децата на познатите Македонци: Гаиа, Кира, Киан Катарина Ивановска ја има ќерката Кира, Слаткар го крсти синот Моша, а Тони Зен ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg