Калтрина во Солун, Антониа со сопругот во Кочани – Како познатите Македонци ја започнаа 2025-та?
- Детали
- четврток, 02 јануари 2025
Елена Најдоски, во златен аутфит, заедно со сопругот ја дочека новата година во Атина, на забава со познат грчки пејач, Димитар Атанасовски одбројуваше на Плоштад Македонија, а сопругот на Антониа Гиговска објави фотка со неа за време на нејзиниот настап во Кочани - како познатите Македонци ја започнаа 2025?
Дел од македонските јавни личности споделија фотографии и видеа со кои ја резимираа старата 2024 и посакаа подобра 2025.
Други пак, открија како и каде ја дочекуваат новата година, но и како го поминуваат првиот ден од 2025.
Калтрина ужива во сончевото време во Солун, а Ирина Дишоска првиот ден од годината го искористи за качување на Водно.
Погледнете како ја започнаа 2025 македонските познати личности:
Антониа Гиговска со сопругот на настап во Кочани
Елена Најдоски прослави во Атина со сопругот, на настап на познат грчки пејач
Фудбалерот Александар Трајковски посака среќна 2025 со семејна новогодишна фотосесија, а позираше со сопругата на првиот ден од годината
Калтрина ужива во убавото време во Солун на првиот ден од 2025
Бремената Ирина со Павле Камилоски ја испратија старата година дотерани со синчето, а 1-ви јануари го помина на Водно
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





