Дали е време за отказ?
Со приближувањето на крајот на годината и почетокот на новата, сите рекапитулираме што сме добиле во изминатата, и си поставуваме...
...цели за идната. Секако, тука спаѓа и работата која што ја имаме и колку сме задоволни од неа. Дали треба да размислуваме за следна во новата година?
За да ви помогнеме во донесувањето на таа одлука, одговорете си на следниве прашања:
Дали вашата компанија се издвојува?
Тешко е да бидете возбудени за работа во компанија која едвај опстојува на пазарот и постојано го имате она чувство дека нема ништо важно да се случи освен истите секојдневни обврски. Во ова конкурентско општетство денес, не можете да очекувате да напредувате во ваква компанија.
Дали сте возбудени дека ќе ги видите колегите во понеделник наутро?
Многу луѓе прифаќаат работи во компании кои се престижни, имаат супер репутација, или навистина многу вредат на пазарот. Но, набрзо сфаќате дека работењето за компанија е апстракт. Реалноста е дека работите со луѓето кои се најблиску до вас – во вашиот департман, дивизија или регион. Повеќето експерти ќе ви потврдат дека вработените на долг рок не се лојални на самата компанијата, туку се лојални на луѓето со кои секојдневно работат.
Дали некој што нешто значи, го слуша тоа што вие имате да го кажете?
Нема ништо подепресивно и демотивирачки од чувството дека никој не ве “ферма” како личност, па дури и да работите за компанија која работи сосема добро. Во оваа ера на учество и комуникација, луѓето се гладни нивниот глас да биде слушнат. Ако мислите дека вашето мислење не е важно, тогаш можеби е време да си најдете друга работа.
Дали ги учите новите работи како што се случуваат?
Во свет кој се движи толку брзо, најопасното нешто за нечија кариера е чувството дека стоите во место, дека не учите, дека немате предизвици – едноставно дека сте заглавени. Ако е така, тогаш е дефинитивно време за промени.
Дали заработувате доволно?
Колку и да звучи ова чудно, ова е најлошата причина да ја напуштите работата. Скоро секоја студија покажува дека скоро и да не постои врска помеѓу тоа колку пари заработувате и колку сте задоволни од работата. Навистина постојат работи кои парите не можат да ги купат.
Па, што велите?