„Кога се роди ќерка ми, работев 12 часа и не бев изморен за неа“ – Сашко Коцев искрено за татковството

„Таа точно знае ти колку си заљубен во нејзе и она може да ти прави што сака. Јас ќе ја скарам малку, а таа само ќе се сврти, ќе ме погледне и ќе дојде да ме гушне. Таа е таа конекција помеѓу татко и ќерка“ - Сашко Коцев искрено зборува за улогата на татко, предизвиците и одговорноста која ја имаат татковците. 

koga-se-rodi-kjerka-mi-rabotev-12-chasa-i-ne-bev-umoren-za-nea-sashko-kocev-iskreno-za-tatkovstvoto-01.jpg

На првата регионална конференција за родителство организирана од Becutan, во последната панел дискусија, модераторот Жарко Димитриоски разговараше на тема татковство заедно со гостите Сашко Коцев, Тарик Филиповиќ и Петар Бенчина.

Познатите татковци признаа дека ноќите поминати во неспиење се тешки, но и дека имаат некоја посебна сила која им ја дава улогата на родител, кога и после сите работни ангажмани, ќе си дојдат дома и се подготвени за игра со детето и за домашни обврски. 

koga-se-rodi-kjerka-mi-rabotev-12-chasa-i-ne-bev-umoren-za-nea-sashko-kocev-iskreno-za-tatkovstvoto-02.jpg

Сашко Коцев, кој ретко зборува за семејниот живот, во свој стил, на шеговит начин ги пренесе искуствата од родителството, но ја покажа и својата сериозна и емотивна страна, зборувајќи за својата ќеркичка Јоана (7).

„Ти кога ќе добиеш дете, животот твој завршува. Ти си спиеш во детска соба и тоа е тоа“ – се пошегува тој, па продолжи сериозно:

„Ова сум го кажал на сите, за моментот од кој сите се плашат - леле моето дете во раце се научи - на сите парови досега сум им рекол - да не го испуштиш една секунда од раце, зашто тој период пролетува како еден миг од животот“.

koga-se-rodi-kjerka-mi-rabotev-12-chasa-i-ne-bev-umoren-za-nea-sashko-kocev-iskreno-za-tatkovstvoto-03.jpg

Зборувајќи на тема дали се сеќаваат на моментот кога првпат го виделе своето дете по раѓањето, Жаре и Тарик рекоа дека присуствувале на породувањето, а Сашко не пропушти повторно да се пошегува за изгледот на новородените бебиња:

„Јас памтам кога докторките ме викнаа да го видам моето бебе во инкубатор (го ставиле таму да се стопли инаку беше во ред)... Па, јас поружно нешто од новороденче немам видено.

Јас дотогаш немав видено друго новороденче. Ние сме навикнати од филмови, се раѓа дете и ти покажуваат 7-месечно бебе убаво. Ја чувам уште таа фотографија и тогаш сфатив дека личи на мене, сега е поубава и личи на мајка ѝ“.

koga-se-rodi-kjerka-mi-rabotev-12-chasa-i-ne-bev-umoren-za-nea-sashko-kocev-iskreno-za-tatkovstvoto-06_1.jpg

Разговарајќи отворено за разни предизвици, сите четворица, едногласно се сложија дека татковците не се во приказната за да помагаат, туку да бидат дел од искуството и дека имаат подеднаква одговорност во родителската улога како и мајката.

Прочитајте и: „Тато те зеде прв во раце кога се роди“ – Жарко Димитриоски горд што присуствувал на раѓањето на ќеркичката 

Иако секој од нив има кариера со набиена агенда и многу време поминуваат надвор од дома, велат дека сепак функцијата на татко им дава некоја посебна сила да се посветат на децата, независно колку се изморени.

„Не ги разбирам татковците што се изморени, тоа е еден посебен адреналин кога стануваш татко. На пример, јас додека не се роди моето дете, не сум фатил туѓо бебе во раце.

Кога дојде сестрата и праша кој ќе го бања бебето, јас се пријавив иако не сум бањал дете, но станав добар во тоа како јас да сум патронажна сестра. Едноставно сфаќаш дека не мораш, туку тоа сега е твој живот.

Јас, кога се роди ќерка ми, играв главна улога во филм и снимав претстава истовремено, па месец и пол бев на работа од 7 до 7, и се чудев од каде таа сила, кога ќе се вратам дома веќе бев спремен и за бањање и за играње и за сè што треба.

Не се фалам, тоа е едноставно така, обврска на секој родител, татко“ - сподели Коцев. 

koga-se-rodi-kjerka-mi-rabotev-12-chasa-i-ne-bev-umoren-za-nea-sashko-kocev-iskreno-za-tatkovstvoto-06.jpg

Продолжува на следната страница... 



Би можело да ве интересира:

„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Ќерката на Хелена Роза е вистинска убавица: Кјара сака фитнес и студира право Ќерката на Хелена Роза, Кјара Гоља (25), скоро една деценија ужива во животот на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg