„Кога се роди ќерка ми, работев 12 часа и не бев изморен за неа“ – Сашко Коцев искрено за татковството

На оваа тема се изјаснија и останатите, кои тврдат дека татковците не се тука за да помагаат, туку за и тие да бидат родител.

„Кога сакаш ништо не е тешко, не зошто така мора туку така треба“ – рече Тарик.

Сашко отворено зборуваше за договорите и разбирањето кое го имаат со сопругата која е лекар, за тоа дека се свесни меѓусебно за работните ангажмани, па во периоди на дежурства или снимања, без проблем другиот ги презема семејните обврски. 

Но, признава и дека со текот на годините, како што созрева како родител и станува помудар, самиот сфаќа дека семејството е приоритет и пробува да се посвети повеќе дома и на времето поминато со детето, откако во короната ги увидел убавите страни на немањето премногу работни проекти.

koga-se-rodi-kjerka-mi-rabotev-12-chasa-i-ne-bev-umoren-za-nea-sashko-kocev-iskreno-za-tatkovstvoto-04.jpg

Поттикнати од прашањето на Жаре, да пробаат да опишат со зборови каде лежи специјалноста во врската помеѓу татко и ќерка, Сашко и Петар признаа дека се во „заробеништво“ на ќерките.

„Таа точно знае ти колку си заљубен во нејзе и она може да ти прави што сака. Јас ќе ја скарам малку, а таа само ќе се сврти, ќе ме погледне и ќе дојде да ме гушне. Таа е таа конекција“, открива Сашко, а Петар се надоврза:

„Може да те извади од такт, да полудиш, и само ќе те погледне блажено, како ти нешто да си се збунил што така се однесуваш и те разоружува, па тука се врти цела приказна наопаку“.

-08.JPEG

За крај, иако Сашко на шега кажа дека наводно претходно се договориле дека ќе зборуваат дека татковците се најдобри, сепак сите се покорија пред улогата на мајките и признаваат дека тие се клучни и дека мама е една, а Тарик се пошегува:

„Па сте слушнале ли некое дете да падне и да каже: леле татооо...“

„Мајката ја создава сликата за таткото, таа треба да каже остави го малку тато, изморен е од работа“ – се пошегува Сашко, па продолжи:

„Сериозно, оној момент кога мајката кажува - тато, тато ќе го направи тоа, тато знае, тато може, тато ќе нè однесе таму, тато ќе нè вози и така се создава слика дека тато може сè, за детето да има стабилност, стабилна фигура и емотивна и физички. Секако дека мајката игра важна улога“.

koga-se-rodi-kjerka-mi-rabotev-12-chasa-i-ne-bev-umoren-za-nea-sashko-kocev-iskreno-za-tatkovstvoto-09.jpg

Целата конференција може да ја погледнете на видеото ТУКА

М. М. | Црнобело / фото: Фејсбук - Сашко Коцев



Би можело да ве интересира:

„Бев на забавата по повод 17-тиот роденден на Бекстејџ - Скопје пулсираше од убава енергија“ На Скопје му беше потребен настан од овој тип! Со црвен тепих, тематска забава, ...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg