Александра Шијакоска ја покажа детската соба на новородениот син Риан: „Моето ново омилено катче“
Александра Шијакоска ужива во улогата на мајка на новородениот син Риан, за кој подготви совршено уредена детска соба уште додека беше бремена, со дизајнерката за ентериер Агнеса Весели - сестра на нејзиниот сопруг Едмонд.
Александра Шијакоска на 1-ви ноември го доби синот Риан со сопругот Едмонд.
Инфлуенсерката ужива во новата улога на мајка. Таа на Инстаграм објави видео од детската соба на Риан и ја прогласи за нејзина нова омилена соба во домот.
Таа ја уреди собата уште додека беше бремена, заедно со дизајнерката на ентериер Агнеса Весели, која му е сестра на нејзиниот сопруг Едмонд. Едмонд пак најголем дел од работите во детската соба на синот ги склопи и направи сам со своите вешти раце.
Видеото од детската соба на синот на Шијакоска (кликнете за да ја видите):
Прочитајте и Александра Шијакоска се венча со саканиот по 12 години врска, на денот на неговиот роденден
С. С. | Црнобело