Александра Шијакоска ја покажа собата-гардеробер за која одамна сонувала: „Конечно е готова“
„Во внатрешноста на гардероберот имам држач за панталони, потоа отворени полици за работите кои најчесто ги носам, а најголем ми е делот за оделата, бидејќи тие ми се омилени“, вели Александра Шијакоска.
Александра Шијакоска живее во семејна куќа со сопругот Едмонд и синот Риан, а сега откри дека конечно ѝ се остварила долгогодишната желба да има соба-гардеробер.
Таа сними видео и откри каква организација направила на големиот број парчиња облека, чанти и чевли кои ги поседува.
Александра е модна инфлуенсерка, па не е ниту чудно што има толку многу облека и модни додатоци.
Инаку, Aлександра секогаш вели дека не би сакала да се создаде погрешна слика кај младите и дека ѝ е важно каков пример остава.
Таа нагласува дека навистина никој нема потреба од толку облека, но на неа тоа ѝ е работа.
Исто така, споделува дека нејзина желба е еден ден да организира плакари, затоа што ужива во средување и добра организација.
Таа дел од нејзината облека ја донира во хуманитарни цели, дел дава на пријателите, а дел ја чува како семејно наследство за внуката.
На видеото од турата во гардероберот Александра вели:
„Конечно ве носам во мојата плакар-соба и го снимам долгоочекуваното видео со мојот плакар.
Сега ќе ви кажам што и како и ќе ви објаснам некои финти за организација.
Благодарение на проектот кој го нацртавме, овој мал простор којшто беше без никаква намена го искористивме максимално, со тоа што просторот доби функционалност и естетика (за чување на чевли).
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:




