5 бои кои совршено се комбинираат со сивата боја при уредување на домот

Ако правите промени во вашиот ентериер, тогаш погледнете ги овие неколку комбинации кои можеби ќе ве инспирираат.

5-boi-koi-odlichno-odgovaraat-so-siva-boja-koga-stanuva-zbor-za-ureduvanje-na-domot-01.jpg

Уредувањето на просториите во сива боја (во сребрена нијанса) е популарно токму поради нејзината способност да ја рефлектира светлината низ собата.

Сепак, кога ќе решите да уредувате во оваа нијанса, сигурно порано или подоцна ќе си го поставите прашањето како да гоуредите остатокот од собата, односно, кои бои најдобро би се вклопиле во комбинација со оваа.

Па, иако сребрената боја (донекаде) е неутрална, постојат одредени бои кои добро одговараат на неа, но итакви кои воопшто не се соодветни.

Следниве бои одлично прилегаат во ентериерот во комбинација со сива боја (со сребрена нијанса):

Крем боја

Декорирањето со неутрални бои секогаш е сигурна опција бидејќи лесно се вклопуваат во секоја варијанта.

5-boi-koi-odlichno-odgovaraat-so-siva-boja-koga-stanuva-zbor-za-ureduvanje-na-domot-02.jpg

Земјени тонови

Земјените тонови можеби звучат како контраст со среброто, но, може да изгледаат навистина елегантно.

5-boi-koi-odlichno-odgovaraat-so-siva-boja-koga-stanuva-zbor-za-ureduvanje-na-domot-03.jpg

Црвена боја

Сребрената боја исто така изгледа многу добро кога се комбинира со повпечатливи бои, а црвената е една од нив.

5-boi-koi-odlichno-odgovaraat-so-siva-boja-koga-stanuva-zbor-za-ureduvanje-na-domot-04.jpg

Зелена боја

Комбинирањето зелена нијанса со сребрена, создава впечатлив контраст - зеленото ја опишува суштината на природата, внесува топлина и живот во просторот, додека среброто дава елегантен, модерен акцент.

5-boi-koi-odlichno-odgovaraat-so-siva-boja-koga-stanuva-zbor-za-ureduvanje-na-domot-05.jpg

Кафеава боја

Комбинирањето на сребрената боја со која било нијанса на кафеава боја е одлична. Ако ги споите овие две бои, може да комбинирате и различни стилови на мебел.

5-boi-koi-odlichno-odgovaraat-so-siva-boja-koga-stanuva-zbor-za-ureduvanje-na-domot-06.jpg

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кујна во која доминира црна боја - како да изгледа раскошно и да не го затвори просторот? Ако сакате црна кујна, треба да обрнете внимание на некои детали, како светлото,...
Парче мебел што го има насекаде: Заоблени фотелји и табуретки како крзно на бело мече Фотелји со табуретки за во дневна соба, но и детски фотелји и столчиња за во ход...
7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики) Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика.....
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Идеи за декорирање со кои ќе ја внесете пролетта во домот, без многу пари Свежо цвеќе, мирисливи свеќи и декортивни перници со „весели“, пролетни мотиви.....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg