7 креативни идеи да ги декорирате празните ѕидови во домот (а да не е само со уметнички слики)

Шарени тапети, пастелни бои на ѕидот, „зелена градина“ наместо уметничка слика... Како да им дадете повесел лик на празните ѕидови?

7-kreativni-idei-da-gi-dekorirate-praznite-dzidovi-vo-domot-a-da-ne-e-samo-so-umetnichki-sliki-01.jpg

Во многу домови кај нас и денес ќе видите празни (бели) ѕидови и тоа понекогаш создава чувство на стерилност и празнина.

За среќа, со малку фантазија можете да направите празните ѕидови да изгледаат сосема поинаку и да му дадат топлина на просторот.

Па ако не знаете од каде да почнете, погледете ги овие 7 креативни идеи:

Пастелна боја на ѕидот + многу слики и ѕидни украси

Наместо да го оставите ѕидот во бела боја, можете да го обоите во пастелна нијанса (или да залепите еднобојни тапети во пастелна боја), а потоа да закачите барем десетина фотографии и украси, кои ќе го „оживеат“.

7-kreativni-idei-da-gi-dekorirate-praznite-dzidovi-vo-domot-a-da-ne-e-samo-so-umetnichki-sliki-02.jpeg

Празничните светилки не се само за Нова година

Поради огромниот избор на светилки за елки и новогодишни светилки во различни бои и форми, лесно можете да најдете светилки кои се дискретни, а сепак впечатливи и да ги закачите зад телевизорот.

7-kreativni-idei-da-gi-dekorirate-praznite-dzidovi-vo-domot-a-da-ne-e-samo-so-umetnichki-sliki-03.jpeg

Табла од плута

Многумина имаат мали табли од плута во својот дом, обично во детската или во работната соба.

Но, зошто, наместо неа, не ставите табла од плута која ќе оди од подот до таванот, а потоа да ја украсите со работи што сакате да ги „изложите“, а немате соодветно место во домот?

7-kreativni-idei-da-gi-dekorirate-praznite-dzidovi-vo-domot-a-da-ne-e-samo-so-umetnichki-sliki-04.jpeg

„Слика“ на ѕидот

Ако имате бели ѕидови, не значи дека мора да ги обоите во друга боја од крај до крај - можете да направите слика, т.е визуелно да создадете позадина за полици и украси (како на фотографијата подолу) и да го „развеселите“ просторот.

7-kreativni-idei-da-gi-dekorirate-praznite-dzidovi-vo-domot-a-da-ne-e-samo-so-umetnichki-sliki-05.jpeg

„Зелена градина“ на ѕид

Наместо класична уметничка слика, ѕидот можете да го украсите со „зелена градина“ направена од вештачко цвеќе - се закачува на ѕидот како слика и му дава свежина на просторот.

7-kreativni-idei-da-gi-dekorirate-praznite-dzidovi-vo-domot-a-da-ne-e-samo-so-umetnichki-sliki-06.jpg

Шарени тапети

Без оглед во која боја ви е станот, еден ѕид може да биде украсен со шарени тапети во истата таа боја - веднаш ќе добиете друг впечаток за просторот.

7-kreativni-idei-da-gi-dekorirate-praznite-dzidovi-vo-domot-a-da-ne-e-samo-so-umetnichki-sliki-07.jpeg

Постери

Без оглед дали се слики од цвеќиња, животни, или ќе си испринтате фотки од омилените славни личности како на времето, еден ѕид можете да го украсите со постери и да го направите шарен и впечатлив.

7-kreativni-idei-da-gi-dekorirate-praznite-dzidovi-vo-domot-a-da-ne-e-samo-so-umetnichki-sliki-08.jpeg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
15 сингл мажи покажаа како си го уредиле домот: Од празни ѕидови до совршен ентериер (фото) 15 мажи кои живеат сами, сами го уредиле и просторот во кој живеат. А нивните до...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
Едноставни декорации во духот на есента (ако едвај чекате да почне) Тиквите и сувите цветови се сосема доволно за да го украсите домот во духот на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg