11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот
Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со малку пари и предмети што ги имате дома, ќе му дадете доза на елеганција и стил на домот?
Понекогаш е доволно да смените 2-3 ситници во домот или да додадете неколку парчиња кои не чинат скапо, наместо да го реновирате целиот ентериер, а просторот да добие доза на стил и елегантна нота.
Овие мали, а сепак лесни трикови ќе ви помогнат во тоа:
Додадете барем 3 парчиња кои се „повторуваат“
Можете да создадете хармонија во просторот со „повторување“ на предметите.
Три се доволно, па така, изберете 3 скоро идентични вазни, или, пак, три слични перничиња кои ќе ги ставите врз креветот и веднаш ќе добиете друг изглед на ентериерот.
Ретро нота со винтиџ парчиња
Понекогаш на просторијата ѝ треба нешто за да не делува здодевно и монотоно.
Таа уникатност може да ја добиете ако ставите некое винтиџ парче и со тоа додадете ретро нота на просторот.
Малку еукалиптус за шарм
Со неколку гранчиња еукалиптус ставени во вазна (суви или свежи) ќе му дадете доза на софистицираност на просторот.
Книги за топлина и лична нота
Неколку книги се доволни за да ѝ дадете малку лична нота на секоја соба.
Користете кадифе
Понекогаш собата може да е „празна“, да има само малку мебел, да нема украси...
Но, ако ставите завеси од кадифе, на пример, ќе ѝ дадете доза на топлина.