11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот
Малку крзно не е на одмет
Едно крзено парче, кое ќе го ставите врз столче или на подот, веднаш му дава поинаков шмек на просторот.
Бела постелнина
Години наназад многу луѓе ставаат шарена постелнина во спалната соба.
Но, експертите препорачуваат постелнината да е бела - просторот така ќе биде „чист“ и со доза на елеганција.
Тргнете ги малите предмети
Кога ќе се „ослободите“ од ситниците кои прават „хаос“ во просторот, тој ќе стане почист и ќе изгледа како да е поголем отколку што е навистина.
Затоа, тргнете ги работите кои го „затрупуваат“ и не му даваат да дише.
Украсни перничиња кои делуваат скапо
Ако сакате украсните перничиња да делуваат скапо, тие не треба да се превиткани или „празни“ и да стојат „млитаво“ врз креветот.
Затоа, во една навлака за перници може да ставате по две мали перничиња и тие да делуваат „цврсто“, како да се штотуку купени од продавница.
Поголеми украси
Наместо да купувате 10 мали аксесоари за да го украсите просторот, купете 2-3 поголеми.
Експериментирајте со стакло
Поради тоа што е проѕирно, стаклото оддава доза на минимализам.
Па така стаклен послужавник, стаклени шолји за кафе со метални рачки или стаклени вазни делуваат елегантно и софистицирано и секогаш се одличен избор.
А. Ј. | Црнобело