Кујна во која доминира црна боја - како да изгледа раскошно и да не го затвори просторот?

Ако сакате црна кујна, треба да обрнете внимание на некои детали, како светлото, но и големината на просторот.

kako-da-ja-uredite-crnata-kujna-za-da-izgleda-raskoshno-i-da-ne-go-zatvori-prostorot-01.jpg

Ако го уредувате новиот дом или реновирате, а сакате доза луксуз и елеганција, нема да погрешите со кујна во која доминира црната боја.

Црната боја лесно се комбинира со други нијанси, а ако е поврзана со дневната, може да биде како уникатен акцент на целиот простор.

Сепак, треба да бидете внимателни во декорирањето бидејќи црната боја го „затвора“ просторот.

Неколку совети доколку сакате во кујната да ви доминира црната боја:

Обрнете внимание на стилот на кујната

Ако сакате нешто покласично и винтиџ, црната боја е одличен избор бидејќи ќе го направи просторот полуксузен.

И минималистичкиот стил е добар за кујна во која доминира црната боја.

Арт деко стилот, инспириран од 1920-тите и 1930-тите, исто така одлично се вклопува со црна боја.

kako-da-ja-uredite-crnata-kujna-za-da-izgleda-raskoshno-i-da-ne-go-zatvori-prostorot-02.JPG

Земете ја предвид големината на кујната

Ако треба да работите со помал простор, тогаш немојте да ја правите целата кујна црна.

Односно, можете да ги офарбате само ѕидовите црни. Или, доколку елементите се со црна боја, тогаш ѕидовите нека бидат со друга.

Ако имате голема кујна, тогаш можете да експериментирате и со поголема доминација на црната, но само осигурете се дека ќе додадете детали и украси во други бои кои ќе го освежат просторот.

kako-da-ja-uredite-crnata-kujna-za-da-izgleda-raskoshno-i-da-ne-go-zatvori-prostorot-03.JPG

Со кои бои е најдобро да правите комбинации?

Црната е одлична во комбинација со металик бои или нијанси на златна, бакар и сребро.

За повпечатлив изглед, добро изгледа во комбинација со бои кои ќе создадат контраст, како темносина, смарагдно зелена, темноцрвена…

Ако црната ви делува премногу нападно, можете да ја „омекнете“ просторијата со кафеави нијанси на подот, трпезариската маса или работната маса.

kako-da-ja-uredite-crnata-kujna-za-da-izgleda-raskoshno-i-da-ne-go-zatvori-prostorot-04.JPG

Внимателно изберете го светлото

Кога доминира црната боја, не е препорачливо да ставите силна светилка на таванот.

Наместо тоа, подобро е да акцентирате неколку делови од кујната – на пример, светилки над работната маса, шанкот, мијалникот...

kako-da-ja-uredite-crnata-kujna-za-da-izgleda-raskoshno-i-da-ne-go-zatvori-prostorot-05.JPG

Неколку фотки за инспирација:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зачини со поминат рок и уште 10 работи од домот кои треба да ги фрлите (за просторот да дише) Од козметиката која не ви се допаѓа до полначите од старите мобилни телефони и р...
11 трикови со кои со малку пари ќе му дадете доза на стил и елеганција на домот Завеси од кадифе, книги со кои ќе му дадете лична нота на просторот - како со ма...
Идеи како да го средите хаосот над машината за перење (и да не се срамите пред гости) Расфрлани шминки, дезодоранси, по некој детергент и уште тон работи натрупани на...
9 најголеми грешки што ги правите кога уредувате мал стан Завеси на прозорците, темен под, ... сите овие работи прават малиот простор да и...
4 бои кои не треба да доминираат во вашиот дом (делуваат застарено) Сивата, црната, сината и зелената се бои на кои треба да заборавите оваа година,...
Работи во домот заради кои гостите ќе ве озборуваат како неуредна личност Исчистете ги влакната од миленичињата, соберете го презреаното овошје. На кои де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg