8 бои идеални за мала кујна + со кои нијанси да ги комбинирате?
Не мора да ги избегнувате потемните нијанси ако имате мала кујна – можат да изгледаат одлично на кујнските шкафчиња.
Ако имате мала кујна, веројатно мислите дека прв избор треба да ви бидат посветли бои.
Но, со паметно комбинирање, можете да вметнете и нешто потемно и контрастно, без визуелно да го смалите просторот.
Осум бои идеални за мала кујна и нијансите со коишто можете да ги комбинирате:
Пастелна зелена
Зелената има смирувачки ефект, а пастелната нијанса е одлична за помал простор.
Можете да ја комбинирате со пастелна розова, посветла зелена или беж.
Пастелна розова
Пастелната розова добро се вклопува и во класични, и во кујни со помодерен дизајн и самата боја може да доминира во целиот простор.
Изгледа добро со беж нијанси, бела и посветла розова боја.
Црна
Иако за некои црната може да биде премногу нападна за мала кујна, ако ја вметнете само на некои елементи – како шкафчиња или, пак, само еден ѕид, може да изгледа добро.
Можете да ја комбинирате со сиви нијанси, но и со нешто повпечатливо, како корална црвена.
Темносина
Во комбинација со беж или бела, темносината е мошне добар избор за мали кујни.
Слично како црната, доволно е да ја ставите на неколку елементи.
Можете да ја комбинирате и со контрастна златна.