5 најчести грешки во уредувањето на домот, според дизајнери на ентериер
Прво ја избирате бојата на ѕидовите и го трупате просторот со многу украси и дезени.
Ако купивте нов дом или сакате да реновирате, треба да земете предвид некои работи.
За HuffPost, неколку дизајнери на ентериер ги споделуваат најчестите грешки при уредувањето на домот што ги забележале кај нивните клиенти.
Погледнете ги во продолжение:
Прво ја избирате бојата на ѕидовите
Немојте да изберете боја за ѕидовите, да ги офарбате, па дури потоа да купувате мебел.
Во повеќето случаи, ќе ви биде тешко да најдете мебел што ви се допаѓа, а кој ќе одговара со бојата на ѕидовите.
Секогаш е подобро прво да го изберете мебелот, па дури потоа нијансата на ѕидовите.
Нa пример, дури и да сакате да доминира сина боја, постојат безброј нијанси на сина, па подобро е прво да изберете мебел и дури на крај нијансата на сина што ќе одговара со него.
Го трупате просторот со мебел и украси
Максимализмот станува популарен, но сепак треба да бидете умерени, дури и ако ви се допаѓа.
Ако секојпат кога ќе влезе во собата ви делува многу хаотично, тоа е знак дека сте претерале со украси и мебел.
Можете да го натрупате просторот и со премногу бои или дезени и сето ова на крај да делува хаотично.
Ја игнорирате функционалноста на парчињата мебел
Секогаш кога избирате мебел, добро размислете и колку е функционален.
Залудно ќе давате пари за раскошна или уникатна гарнитура, ако седењето на неа е неудобно.
Не обрнувате внимание на светлото
Честа грешка што ја прават луѓето е што не го планираат светлото, односно ставаат неколку извори на светлина без многу размислување.
Но, светлото може да го промени целиот амбиент и важно е добро да го осмислите за просторот да биде и удобен, и практичен.
Никако не отстапувате од она што сте замислиле
Друга честа грешка е тоа што луѓето честопати копираат цел изглед на просторија што го виделе онлајн, некаде на гости, во списание…
И, притоа, избегнуваат какво било отстапување од идејата.
Во ред е да се инспирирате од некаде, но секогаш бидете и флексибилни.
Не мора да си ги ограничувате изборите само поради една фотка на Пинтерест.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





