Новогодишно уреден дом на Ана од Скопје - елка со розови лампиони и украси за трпезата купени во Солун
„Елката ја купивме во Солун пред три години, а таму се купени и лампионите. Не знам колку се точно, има околу стотина. Доминираат розовата и белата боја, а има и неколку персонализирани лампиони со испишани имиња. Тука се и големите бели цветови кои ѝ даваат раскошна нота“, вели Ана за CRNOBELO.com.
Скопјанката Ана ја обожава новогодишната сезона, па во тој период од годината нејзиниот дом е секогаш украсен со многу љубов и внимание.
Во дневната соба има голема елка, на која доминираат розови и бели лампиони и неколку украси со Дедо Мраз, додека на трпезата има чинии и прибор со златни детали, за 8 луѓе.
Сето ова, вели Ана, е купено во Солун пред неколку години.
За CRNOBELO.com, таа раскажа за новогодишното уредување на нејзиниот дом:
„Елката ја купивме во Солун пред три години, а таму се купени и лампионите. Не знам колку се точно на број, но има околу стотина.
Доминираат розовата и белата боја, но има и неколку персонализирани лампиони со испишани имиња.
Тука се и големите бели цветови кои ѝ даваат раскошна нота на елката.
Инаку, и чиниите и украсите на новогодишната трпеза се купени во Солун.
Има продавници кои нудат навистина уникатни парчиња, па затоа и се решаваме таму да купуваме работи за дома.
Освен чиниите, таму се купени и украсите со бисери, но и чашите за шампањско, на кои има испринтано уста со кармин во различни бои.
Сакам новогодишната маса да биде впечатлива и да изгледа луксузно, па затоа на чиниите со златни украси, има и салфетки со бисери.
Во тој стил се и чиниите за колачи и овошје, но и украсот со свеќи.
Ова е време кога се собираме сите со семејството, па затоа сакам да ни е на сите пријатно“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело