Го сакам Скопје, мојот роден град, неговиот стар шарм, а почнувам полека да се вљубувам и во неговото ново руво, малите улици, старата чаршија, таму, барем за мене, е душата на мојот град, ги сакам прошетките на кеј, мирисот на липите, секој агол од паркот, да талкам по тезгите на пазарче, да купувам цвеќе од тетката на Партизанска, наутро во недела во Соборна … навистина го сакам моето Скопје!