Братучед ти стави го жирант и не го враќај кредитот - нека си го враќа тој

„Те молам, може ли да ми направиш услуга, само да потпишеш, нема да има никакви проблеми, знаеш крв сме“... Доаѓа со вакво барање кај братучед му, а овој пак душа од човек, плус на „своја крв“ мора да се помогне, па му потпишува да му биде жирант на кредитот.

bratuched-ti-stavi-go-zhirant-i-ne-go-vrakjaj-kreditot-neka-si-go-vrakja-toj-01.jpg

Кредитот огромен, примањата мали, ама ете ќе му потпише затоа што најверојатно тој знае дали може да издржи, си направил пресметка човекот.

Но, човекот наскоро наместо редовно да го „сервисира“ кредитот почнува да доцни, до жирантот пристигнуваат предупредувања, а наскоро и кратење на средства од плата. Да, сега тој си го враќа кредитот на роднината.

Роднината прво се извинува, незгодно му е наводно, потоа плаче, кука, а на крај престанува да крева на телефон и на братучед му го остава во наследство кредитот.

Овој во безизлезна ситуација си го плаќа. И тоа трае и трае. Му се изместува и семејниот буџет, му се менува и животот поради новата непредвидена финансиска конструкција.

Овој другиот пак, живот живее. Се ослободи од кредитот, па сега си оди на одмори со семејството, си купи нов автомобил затоа што ете тоа му бил неопходен за живот, си оди на шопинг, а инаку е сирот нели нема пари да си го враќа кредитот.

Себичност куп. Комплетно изневерена доверба. Нечовечност. Подмолност. Дрскост. Безобразлук.

Како може да постојат вакви луѓе и тоа на ближниот свој да му го направат ова? Како може да спијат по ваква нанесена неправда? Како забораваат кој без збор им помогнал кога најтешко им било, а сега тој некој го оставаат на цедило?

Каде ќе им оди душата? Какво е тоа битисување без немање основни морални вредности?

Тажно е толкава доза на себичност и алчност за пари. Мислат само на себе, се ставаат на пиедесталот, додека сите други треба да им служат, да им се потчинуваат и да прават жртви во нивно име.

Нели другите не се важни, само тие се важни, само нивниот живот, само нивните желби, само нивните апетити да бидат задоволени.

А другите? Другите нека патат, нека имаат несоница. Нека бидат и злоупотребени и искористени. Они ќе се прават наудрени, ќе лажат дека ете ништо не можат да направат, таква е ситуацијата, а најтажно од сè е што нема да мрднат со прст да ја поправат ситуацијата.

Заробени во својот свет на себичност и лакомост за пари, ниту некогаш ќе бидат среќни, ниту ќе имаат. Среќа на туѓа несреќа не се гради на ниту едно поле, тоа е одамна јасно.

Нема што да се каже повеќе, освен памет за друг пат...

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело / Фото: depositphotos.com

 

Би можело да ве интересира:

Мали мудрости на кои може да нè научат само нашите мајки Мајка ми велеше: „Ако веќе разговараш со оние што не те сакаат, тогаш тоа нека б...
Најубавите новогодишни честитки за 2024 што може да им ги испратите на саканите Сакате на драгите луѓе да им ја честитате новата година, но немате инспирација? ...
„Го оставив сопругот бидејќи со него се чувствував како самохрана мајка“ „Го оставив за многу причини, но најмногу бидејќи никогаш не ги подготви децата ...
Во Охрид собиравме полни ќеси јаболка, во Дојран колачиња на стапче – Коледе од моето детство Секој град има свое објаснување за тоа како правилно треба да се прослават празн...
Секое враќање во Македонија ми отвора стари спомени кои со годините полека се оддалечуваат Штом ќе слетам на скопскиот аеродром и сонцето ќе ми ја огрее кожата, чувствувам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg