„Ти си девојка што го обожава животот“ – ми е најубавиот комплимент што го имам добиено

ti-si-devojka-shto-go-obozhava-zhivotot-mi-e-najubaviot-kompliment-shto-go-imam-dobieno-01.jpg

Од личност од која најмалку очекував го добив најубавиот комплимент.

Онаков кој прави да почувствувате дека некој вистински ве познава. Дека допрел до сржта, дека ви ја знае суштината.

Ми пишува „Посебна си, уникатна си“, велам зошто? „Затоа што си девојка што го обожава животот“, добивам објаснување.

И некако топло ми дојде на душата. Си викам навистина е така. Знам, свесна сум, затоа што за мене сѐ е убаво и во сѐ пронаоѓам убавина.

ti-si-devojka-shto-go-obozhava-zhivotot-mi-e-najubaviot-kompliment-shto-go-imam-dobieno-03.jpg

Убаво ми е и кога одам во понеделник наутро на работа, убаво ми е кога пијам кафе среде некоја недојдија, убаво ми и е кога е прежешко или престудено, затоа што знам дека и тогаш има што да се прави, убаво ми и кога на повеќето не им е убаво, затоа јас имам спосбност да пронајдам убавина во апсолутно сѐ.

Малите работи многу ме радуваат. Детето во мене е живо. Тука е. Кога играм со деца се забавувам дури и повеќе од нив, кога одам на патување не се задоволувам со ништо помалку од тоа да биде авантура, кога станувам наутро веднаш размислувам што ќе направам денес за да ми биде убаво на душата.

Секој ден си приредувам мали задоволства и секој ден сама си создавам причини за среќа. Не сакам просечни денови кои само едвај ќе чекам да завршат. Не сакам бесцелно излежување и немање енергија за било каква активност, не сакам изгубен ден, не сакам одложување за некое наредно утре.

Овој ден го имаме само, денес ни е сѐ што ни е дадено. Од тоа се водам...

ti-si-devojka-shto-go-obozhava-zhivotot-mi-e-najubaviot-kompliment-shto-go-imam-dobieno-02.jpg

И не сакам луѓе кои на животот не знаат да му се радуваат. Не сакам луѓе кои само мрак гледаат, не сакам луѓе кои пронаоѓаат тага таму каде што среќа царува, не сакам луѓе кои само критикуваат, се жалат, незадоволни се, едноставно не знаат да живеат.

Си го загорчуваат денес, бесполезно животот си го трошат. Оставаат за некои подобри времиња, за иднина, за некогаш, а и ова денес некогаш иднина им било и пак ништо не направиле, кај себе ништо не промениле.

Ете таква не сакам да бидам, сакам да бидам девојка со сонце во очите, девојка што убавини гледа на секој чекор, девојка што мисли дека животот е убав, токму таква каква што ме нарече тој.

„Ти си девојка што го обожава животот“ дефинтивно ми е најубавиот комплимент што сум го добила кога било. Животна желба ми е само таква и да останам.  

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Таско за CRNOBELO лексикон: „Имав потенцијал за учење, но постојано се бунтував кај професорите“ „Ги излажав моите дека сум излезен во маало, а јас отидов многу подалеку, и се к...
Пејачот Даниел Данн за CRNOBELO лексикон: „Еден ден би сакал да имам ранч со животни“ „Првата симпатија ми беше уште од училишните клупи и се немаме видено многу одам...
Лила за CRNOBELO лексикон: „Сакав да студирам медицина, се гледав себеси како хирург“ „Немам комплекс, а баш би сакала да имам некој комплекс на море“ - Лила Филиповс...
Александар Динев за CRNOBELO лексикон: „Ми се допаѓаше девојче од клас, дечко ѝ ми беше најдобар дру... „Како мал имам паднато на остар камен, директно во чело. Кога станав, истиот ми ...
Снеже Велков за CRNOBELO лексикон: „На мајка ми ѝ исеков фустан со ножици, уште ми го памти тоа“ „Да имам времеплов, би сакала да се вратам во времето на Александар Македонски, ...
Пајак за CRNOBELO лексикон: „Сакам да имам многу деца“ „Имам маче ангорче. Ѝ немаме дадено име, сите дома ја викаме Мац Мац ха, ха, ха“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg